Пивара Скопје донираше летниковец во Општина Ѓорче Петров

pivara-skopje-donirashe-letnikovec-vo-opshtina-gjorche-petrov-01.jpg

Во духот на нам добро познатиот слоган “За Нас” на Скопско пиво, „Пивара Скопје” денес донираше нов летниковец, овој пат за жителите на населбата Ѓорче Петров.

pivara-skopje-donirashe-letnikovec-vo-opshtina-gjorche-petrov-05.jpg

Ова ново место за дружење и рекреација наиде на многу позитивни реакции од “ѓорчевци” кои се познати по негувањето на маалскиот живот и дружбите меѓу соседите, а посебно пријатно изненадување беше и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров – Александар Наумоски, кој е познат по својата непосредност и блискост со граѓаните од неговата општина, и го затекнавме токму тука:

„Пред сè, би сакал да им се заблагодарам на нашите пријатели од “Пивара Скопје” за донацијата на овој летниковец. На ваков начин, ја враќаме сплотеноста и истовремено им овозможуваме на граѓаните на едно урбано место да се дружат, релаксираат, да играат шах, табла, да разговараат за секојдневието... Маалскиот живот во Ѓорче Петров е одлика на нашата општина, и токму затоа, особено ми е задоволство што на ова место, односно во населбата Даме Груев каде е поставен летниковецот, граѓаните ќе имаат можност да ја продолжат таа традиција“.   

pivara-skopje-donirashe-letnikovec-vo-opshtina-gjorche-petrov-03.jpg

Инаку, „Пивара Скопје” донира 15 летниковци за повеќе општини во државата, очекувајте наскоро и вашата општина да биде разубавена со ново место за искрени дружби и насмевки.

pivara-skopje-donirashe-letnikovec-vo-opshtina-gjorche-petrov-02.jpg

pivara-skopje-donirashe-letnikovec-vo-opshtina-gjorche-petrov-06.jpg

pivara-skopje-donirashe-letnikovec-vo-opshtina-gjorche-petrov-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...

Најчитани неделава