Со „Mапа на културата“ го запознаваме Лесновскиот манастир

Скопје 12.9.2018 г. - Еуролинк осигурување во рамки на платформата за корпоративно општествена одговорност, „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура, уметност и образование, петта година по ред  ја организира добропознатата активност насловена како „Мапа на културата“.

so-mapa-na-kulturata-go-zapoznavame-lesnovskiot-manastir-001.jpg

Во изминатите години ги посетивме и ги слушнавме тајните преданија за културните и археолошки локалитети во нашата држава, и по Стоби, Хераклеја, Градот на конзулите – Битола, Бигорскиот манастир, познатото мијачко село Галичник, патувањето го продолжуваме на 15 километри од Пробиштип на југозападните падини на планината Осогово, на надморска височина од 870 метри, каде што е распослано едно од најубавите села во Република Македонија, селото Лесново, познато по надалеку прочуениот Лесновски манастир. Лесновскиот манастир е еден од најубавите и најзначајните византиски споменици на Балканот и еден од најимпресивните и културнозначајните манастири кај нас.

Целодневната прошетка претставува уникатна можност учесниците да се запознаат со убавините на селото Лесновo и да ги слушнат преданијата од монасите за настанување на Лесновскиот манастир. Сите заинтересирани граѓани, без разлика на возраста, може да се пријават од денес, 12.9.2018 година, на следната електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со испраќање генералии: име и презиме, возраст, контакт-телефон. Првите 150 пријавени кандидати ќе ја имаат можноста за учество во еднодневната екскурзија.

Еуролинк осигурување ги покрива сите трошоци за организација на настанот.

Еднодневната екскурзија ќе се одржи на 22.9.2018 година (сабота) со поаѓање во 9:00 часот, на паркингот кај Дрво декор.

Би можело да ве интересира:

Елена Најдоски ужива со сопругот во Пуља - На вечера во ресторан со Мишелин ѕвезда, марама Dior, јах... Од марама Dior во комбинација со бели очила и мини фустан за пловидбата со јахта...
Тамара ја изгуби косата во пожарот во Кочани: „Кога се вратив од болница изгледот ми беше променет, ... Тамара од Кочани, за CRNOBELO.com искрено вели: „По пожарот ја изгубив косата, и...
„Баба е!“ – изјава што предизвика жестока кавга меѓу Маја Поцевска и Златко Андовски Во последната епизода на емисијата Нешто конкретно, разговорот на тема убав...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Габриела Јанческа имала 20kg на една година, а 131kg на 23: „Бубрегот од левата страна ми беше откач... „Родена сум како бебе со нормална тежина, а на 23 години имав повеќе болести од ...
Емотивна средба - Слаткар на концерт го препозна Јован, момчето кое спаси 20 деца во Кочани, и се си... „Еве го јунакот“ - напиша Слаткар кој на својот вчерашен концерт го препозна мом...

Најчитани неделава