ОКТА и Хеленик Петролеум доделија две стипендии за постдипломски студии во Грција

(Скопје, 19.09.2018) - Компанијата ОКТА и Групацијата Хеленик Петролеум продолжуваат со проекти за поддршка на образованието и развојот на младите луѓе во земјава. Вчера во седиштето на ОКТА беа потпишани договори со двете студентки кои годинава ги добија стипендиите за постдипломски студии на Универзитетот во Пиреја, Грција. Наташа Скендерова и Василика Калајџиска ќе имаат можност да го надградат своето знаење во рамките на програмата Енергетика: стратегија, право и економија, која е прва магистерска програма од ваков тип во Југоисточна Европа. 

okta-i-helenik-petroleum-dodelija-dve-stipendii-za-postdiplomski-studii-vo-grcija-01.JPG

Студентките се добитнички на целосна стипендија, која покрај платените студии од Хеленик Петролеум, опфаќа и поддршка од ОКТА за трошоци за живот во висина од 1.000 евра месечно. На конкурсот, кој беше објавен во јуни, се пријавија девет кандидати. Изборот на добитниците на стипендија го направи стручна комисија во рамките на Универзитетот во Пиреја врз основа на образовните и професионалните квалификации на кандидатите.

okta-i-helenik-petroleum-dodelija-dve-stipendii-za-postdiplomski-studii-vo-grcija-02.JPG

Втора година по ред, Хеленик Петролеум доделува вкупно 25 стипендии за постдипломски студии во Грција на студенти од земјите во кои е присутна групацијата (Грција, Кипар, Црна Гора, Србија, Македонија и Бугарија). ОКТА во текот на октомври ќе поддржи уште десет студенти од земјава со стипендии за постдипломски студии на шест факултети на Универзитетот Свети Кирил и Методиј.

Би можело да ве интересира:

Шеф Никола откако ослабе 38kg: „Кога бев дебел викаа ‘свиња си’, сега дека сум болен - ние сме нациј... „Од луѓево сум страшно разочаран. Од едно илјадници коментари што сум ги добил, ...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Сања Николиќ со поддршка за Слаткар, кој се откажа од парите за снимање на филмот: „Приказната зад к... „Повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме.&n...
Маја Панчева (52) како да не старее - Прекрасна без шминка, на летување со ќерките во Грција Марија и Надица многу личат на својата мајка, а Маја, пак, делува како за неа, г...
Ана Стојанова се огласи од болница во Грција: „Имав напад на слепо црево и ме задржаа“ „Ми дадоа инфузија, јас спремна да одам, ми викаат да ти го провериме стомакот, ...

Најчитани неделава