Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Со VIOLETA од првиот ден

ПОДДРШКА на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје

so-violeta-odprviot-den-01.JPG

Денес во ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство беше претставен проектот „Создаваме заедно“, кој компанијата Violeta како производител на пелени и марамици за бебиња го работеше со клиниката, а со цел да се разубави и оплемени просторот во кој претстојуваат родилките и нивните бебиња. 

Она што се создаваше заедно е: боење на сите соби предвидени за претстој на родилките, нови креветчиња за бебињата, постелнина за големи и мали кревети, спаваќици за родилките, бенкици за бебињата итн.   

Целиот проект траеше неколку месеци бидејќи се водеше сметка непречено да  се одвива работата во родилиштето и пациентите на бидат заштитени.

so-violeta-odprviot-den-02.jpg

Најголемиот придонес го даде самата клиника, односно нејзините вработени на чело со директорката Викторија Јовановска, кои беа повеќе од организирани за сѐ да се изведе.

Пораката која компанијата Violeta ја сподели по повод овој проект е:

Во овој проект влеговме со желба дополнително да ја разубавиме првата средба помеѓу мајката и бебето и на тој начин да го прославиме новиот живот и раѓањето.

Децата се нашата иднина и затоа сите компании и институции кои планираат опстанок на овие простори би требало да дадат свој придонес да ги задржиме младите луѓе и нивниот живот да го направиме што подобар и поквалитетен.“

Поддршка на оваа иницијатива дадоа Министерството за здравство на Република Македонија на чело со Министерот Венко Филипче и Амбасадата на БиХ во Скопје на чело со Амбасадорката Лепа Бабиќ, кои денес исто така присуствуваа на претставувањето на проектот.

Министерот во својата изјава се заблагодари на компанијата Violeta и порача дека ГАК сега има далеку подобри услови за родилките од приватните клиники.

Во своето обраќање Амбасадорката Лепа Бабиќ изјави дека е горда на сѐ што се направило преку овој проект и дека е среќна што била дел од него.

so-violeta-odprviot-den-03.jpg

Освен клиниката во Скопје, оваа година компанијата Violeta го поддржа и родилиштето во болницата во Охрид каде донираше пулсен оксиметар, како и родилиштето во болницата во Струга кое ќе биде побогато за неколку детски креветчиња.

Инаку компанијата Violeta веќе има соработка со овие родилишта, каде секое новороденче добива на подарок пакет Violeta производи.

Од компанијата истакнуваат дека кај нивните производи најважно им е задоволството на потрошувачите, а за да го остварат тоа тие постојано инвестираат во развој на производите, нови технологии и контрола на квалитетот. Зад нив стои Здружението на педијатри во БиХ, како и бројни потврди на квалитетот од независни лаборатории како што е SGS Courtray, кои пелените на овој производител го оценуваат со класа А, што воедно е и највисока оценка.

Би можело да ве интересира:

Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Дац и Александар денес делеа рози на улица „Македонија“: „Бидејќи за жените, секој ден треба биде 8 ... На прашањето зошто денес делат рози, а не утре на Меѓународниот ден на жената, Д...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Каде е и што прави денес Угро? „Ах, 90-тите и 2000-тите години беа убави за живеење. Инаку, моментално сум...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg