Доделени стипендиите од ОКТА за десетте студенти на УКИМ

Десет студенти од шест факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се добитници на стипендиите за втор циклус студии кои втора година по ред ги доделува компанијата ОКТА.

dodeleni-stipendiite-od-okta-za-desette-studenti-na-ukim-1.jpg

Стипендиите на избраните кандидати им ги врачи Главниот извршен директор на ОКТА, Јанис Геруланос, за време на свеченоста за одбележување на 40годишниот јубилеј на компанијата. Со доделување на целосните стипендии за постдипломски студии, компанијата ги поддржува најуспешните и најамбициозните студенти кои сакаат да го продлабочат своето знаење на повисоко ниво. Изборот на факултети односно стипендирани области се тесно поврзани со дејноста на компанијата. Во таа насока, за академската 2018/2019 година се доделени по две стипендии на ПМФ – Институт за хемија, Машинскиот факултет, ФЕИТ и Технолошко-металуршкиот факултет, додека стипендии добија по еден студент од Економскиот факултет и од Факултетот за земјоделски науки и храна.

Преку меморандумот за соработка потпишан со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, ОКТА континуирано го поддржува професионалното надградување на студентите на УКИМ. Повеќегодишната соработка се одвива и преку реализирање на редовната програма за практиканти, како и со поддршката на компанијата на различните активности за унапредување на наставно - образовните процеси.

dodeleni-stipendiite-od-okta-za-desette-studenti-na-ukim-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес, ќе пешачи 111km за кревање на свеста за сексуалното злоста... „Организирам пешачење за подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца...
„Го најдов рајот“ – Илариа Кирилов во Тајланд, позира во танга бикини и потопена во кал со слон Кумановката Илариа Кирилов воодушевена од слоновите, позира додека ги гали и пре...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Октај Сејди искрено и со солзи за почетоците и поддршката: „Мајка ми ме движи во животот, татко ми с... „Татко ми сакаше да бидам високо образован, додека јас сакав да го работам ова д...
Мартинијан Кириловски со исповед како почнал да пелтечи: „Соседот колеше кокошка и главата ја фрли п... „Почнав да пелтечам на мои 4 години. Соседот мој, ќе кажам сега како е, што е, к...
Гласот на младите стоматолози од Штип: „Дентум“ ја буди студентската иницијатива Студентите од Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Ш...

Најчитани неделава