Која е најдобрата терапија за твојата душа и ум – Шопингот

Во понеделник во вас не врие ниту еден атом енергија. Тоа го знаеме затоа што сите така се чувствуваат. Сепак, постојат неколку алатки како да го избегнете тоа чувство, како да ги наполните батериите и како да се рестартира движењето на животот.

koja-e-najdobrata-terapija-za-tvojata-dusha-i-um-shopingot-1.jpg

Скопје се носи го испитаа ова прашање посветувајќи му цел едиторијал и со тоа би сакале и ние да ги споделиме нивните видувања. Без разлика дали понеделник или не, вие може да ја најдете најдобрата терапија за моментите кога се чувствувате без енергија, посебно сега кога започна сезонскиот попуст во „Румор“.

Го пренесуваме текстот во целост:

Дали и утрово ја почувствувавте понеделничката меланхолија? Како по некоја рутина, станавте нерасположени и одвај чекате денот да заврши? Ако дозволите тоа чувство да ве обземе, постои опасност да ви ја уништи целата седмица.

Имаме идеја како да го совладате насобраното незадоволство. Излезете од рутинското секојдневие и препуштете се на едно поинакво понеделничко утро. Наместо безволно да одберете неколку парчиња облека, дотерајте се! Бидете инспирирани, со повеќе волја, и отсликајте го вашето внатрешно чувство преку вашиот стил. Новата продавница на „Румор“ се наоѓа во јадрото на Дебар маало (погледнете најдолу за точната локација), во близина на „Coffee Factory“, во која секое парче облека е изработено со страст и внимание на најситниот детаљ, при тоа користејќи посебно избрани материјали.

Почестете се со необичен фустан составен од двете непогрешливи, модни евергрини – бела кошула  и црно здолниште, но додадете „зачин“, како кај мазна темна чоколада со „експлозија“ на финишот со топло чили, рачно плетен џемпер со впечатливи нијанси и лаковани, дамски чевли кои го дополнуваат префинетиот изглед. И совршениот за ова студено време – сивиот, шик, волнен капут.

Додадете го и фактот дека во тек е попуст од 15% на најновата зимска колекција, а од 30-50% на есенската колекција, (а истиот попуст е во тек и во нивната продавница во Охрид која е база на „Румор“, локацијата е исто така подолу наведена),  па несомнено е сето ова веднаш да ви поттикне насмевка. А попатно, по добар шопинг, угодете си со дневна доза подобрувач на вашето расположение, „декадентно“ добра – чоколада.

Девизата е: Chocolate is cheaper than therapy and you don’t need an appointment.

koja-e-najdobrata-terapija-za-tvojata-dusha-i-um-shopingot-2.jpg

Ова е рецепт кој со сигурност ќе ви помогне да ги прегрнете понеделниците исто онака како што ги прегрнуваме петоците. Treat yourself right!

Моментите ги улови @iksolokin. Голема благодарност и до чоколатеријата „Chocol’art“ за отстапениот, бајковит простор.

* За точната локација на „Румор“ во Скопје кликнете тука: https://prnt.sc/lkqwjq

* За точната локација на „Румор“ во Охрид кликнете тука: https://prnt.sc/lkqwwi

koja-e-najdobrata-terapija-za-tvojata-dusha-i-um-shopingot-3.jpg

Би можело да ве интересира:

„Ти си ми сè во животот“ - Елена Најдоски прослави трета годишнина од брак со саканиот Бојан во лукс... „Среќна годишнина, љубов моја! Ти си ми сè животот - љубов, потпора, најдобар пр...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Мартин (36) од Скопје: „Роднина на улица ме праша дали сум се средил - Не, не се оженив и немам деца... „Како си ти, се среди ли?“ - Ова беше прашањето што го добив завчера од еден чов...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...

Најчитани неделава