Отворен повик за учество во Hyundai: Driven by Design натпреварот

За сите млади модни дизајнери - прилика која не смее да се испушти!

otvoren-povik-za-ucestvo-vo-hyundai-driven-by-design-natprevarot-01.jpg

Со цел да се даде поддршка на младите модни дизајнери и да се збогати уметничката позадина на нашата заедница, на настанот Fashion & Lifestyle Expo 2019 за прв пат ќе се организира натпревар за млади модни дизајнери.

Натпреварот е отворен за сите модни дизајнери на возраст од 18 до 30 години кои се или пак биле студенти на било кој факултет/академија/институт или организација/тренинг центар каде се изучува модниот дизајн. Аплицирањето е бесплатно.

Бидејќи веруваме во квалитетот на младите и перспективни, домашни модни дизајнери – им задаваме едноставен моден предизвик, а најдобрите 10 ќе добијат прилика:

  • Својот дизајн да го изложат во фоајето на Македонската Опера и Балет, во склоп на настанот Fashion & Lifestyle Expo;
  • Да го претстават својот дизајн на ексклузивна модна ревија на пред-отворањето на настанот, додека,
  • Најдобрите тројца ќе освојат и вредни парични награди и тоа: парична награда од 1.000 ЕУР за првонаградениот, и парични награди од по 500 ЕУР за второ и трето наградениот дизајн!

Апликациите се отворени од денес, 29.01.2019 а траат до 11.02.2019.

Прочитајте повеќе на следните линкови:

Натпреварот е спонзориран од Korea Auto Trade а организиран во соработка со Моментум Инк.

Би можело да ве интересира:

Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
„Цело време лежиш! Каква мајка си?!“ - Ведран (2), детето со маслинките, со ново хит видео Со сериозен израз на лицето, малиот Ведран од Скопје ја прашува мајка си: „...
Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...
Христијан од Куманово: „Ја однесов ќерка ми во ретро станот на прадедо ѝ, со милјеа и винтиџ работи,... „Малата Веда е на гости кај прадедо. Годината е 1979, Југославија (чувствуваме т...

Најчитани неделава