Официјално: Престижниот финансиски магазин „Global Finance“ ја прогласи Охридска банка Сосиете Женерал за „Најдобра банка во Македонија” за 2019 година

Финансискиот магазин Глобал Фајненс, публикација на Светска Банка која е достапна во 188 земји во светот, по 26-ти пат по ред ја објави листата на добитници на престижната награда “Најдобра банка за 2019 година” во регионот на Централна и Источна Европа за 2019 година.  Овој меѓународен финансиски авторитет,  ја постави Охридска банка Сосиете Женерал на пиедесталот на најдобрите Банки во Централна и Источна Европа, со што стана единствената банка од земјата која четири години по ред е носител на признанието “Најдобра банка во Македонија”. 

oficijalno-prestizniot-finansiski-magazin-global-finance-ja-proglasi-ohridska-banka-societe-general-za-najdobra-banka-vo-makedonija-za-2019-godina-01.png

Според уредничкиот одбор на Глобал Фајненс, зад кој стои Светска Банка, најдобри резултати покажува Охридска банка Сосиете Женерал при направената евалуација на објективните и субјективните критериуми, кои го мерат остварувањето натпросечни напори во своето работење при тоа воведувајќи производи и услуги во реално време кои истовремено нудат апсолутна безбедност за клиентите.

„Најдобра банка во Македонија за 2019 година е повеќе од големо признание, особено кога доаѓа од страна на врвен авторитет како Глбоал Фајненс. Уште повеќе што оваа награда ја добиваме 4та година по ред и со тоа овој успех веќе станува и обврска, а и очекување на нашите клиенти кон нас како финансиска институција. Во годината во која Банката истапи со нова стратешка определба, продолжуваме во ист ритам на чекориме. Овој успех се должи на одличната соработка со сите наши клиенти и на посветената работа на тимот на Охридска банка но, ова е и мотив и визија за тоа каде сакаме да бидеме и во наредните години “ изјави Бранка Павловиќ, Претседател на Управниот Одбор на Охридска Банка Соситете Женерал. 

„Ваквите меѓународни признанија се уште една потврда за улогата која Охридска банка Сосиете Женерал ја има во банкарскиот сектор во земјата, за нашата стабилност, конзистентност, нашата истрајност и посветеност. Одличните резултати кои во низа ги постигнуваме, како и историски највисокиот раст на добивката на Банката во изминатата година, само покажуваат дека апсолутно го заслужувме ова“ додаде Павловиќ.

oficijalno-prestizniot-finansiski-magazin-global-finance-ja-proglasi-ohridska-banka-societe-general-za-najdobra-banka-vo-makedonija-za-2019-godina-03.JPG

Наградата на Охридска Банка Сосиете Женерал за Најдобра банка во Македонија ќе и биде доделена на свечена церемонија на 19 октомври 2019 година во рамките на годишното собрание на ММФ / Светска банка (IMF/World Bank) во Вашингтон, САД, каде на едно место ќе се сретнат претставници од 22. најдобри банки од  Централна и Источна Европа.

За Глобал Фајнанс: Основан 1987 година и денес има читатели во 188 земји ширум светот и тоа претседатели на групации, главни извршни директори, главни финансови директори и финансиски експерти. Веб страната на магазинот (GFMag.com) изобилува со анализи и написи кои претставуваат ризница на 30 годишно искуство на интернационални финансиски пазари и претставуваат вреден извор на релевантни податоци за 192 земји. Седиштето на Глобал Фајнанс се наоѓа во Њуjорк, а има канцеларии и во Лондон и во Милано. 

oficijalno-prestizniot-finansiski-magazin-global-finance-ja-proglasi-ohridska-banka-societe-general-za-najdobra-banka-vo-makedonija-za-2019-godina-02.png

Би можело да ве интересира:

Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Бетика од Ресен: „Од 9 години научив да возам трактор, семејно береме сливи, дрвцата ни се како деца... „Возам трактор од мојата 9-та година и благодарение на мојата фамилија со години...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
Штипската четворка наполни 2 години, мајката Благица емотивна: „Со вашите 4 срца животот има најубав... „Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога. Вашиот невин поглед, неисцр...
„2 најлуди и најубави годинки“ – Синот на Антониа и Џокер полни две години, свири на клавир додека м... „Среќата наша денес полни 2 – најлуди и најубави годинки, те сакаат мама и тато“...

Најчитани неделава