Да се пегла...или да не се пегла. Прашањето е сега!
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 20-06-2019
Продавач 20-06-2019


Да се пегла...или да не се пегла. Прашањето е сега!

da-se-pegla-ili-da-ne-se-pegla-prasanjeto-e-sega-01.jpg

Кога станува збор за пеглањето, може да кажеме дека има три типа на карактери:

  • Оние кои уживаат во пеглањето и испеглани им се сите можни материјали по дома, вклучувајќи и чорапи
  • Оние кои пеглаат само ако мораат и пеглањето го гледаат како обврска која би било супер и воопшто да не мора да ја прават
  • Оние кои воопшто никогаш не пеглаат, поради различни причини  – ако има такви

Овој текст е за сите претходно опишани карактери, бидејќи на крајот на денот, сите сакаме да изгледаме одлично, средено и „скоцкано“ во секоја прилика. И, можеби го најдовме вистинското решение кое ќе го направи пеглањето многу побрзо и полесно, а воедно ќе одговори на некои од клучните бариери за пеглањето.

За почеток, да почнеме од  „Зошто пеглањето е помалку омилена домашна обврска“. Во сржта на „одбивноста“ кон пеглањето се кријат различни основи, но на крајот на денот, сè се сведува на неколку „БАРИЕРИ“ кои генерално гледано, ако се пресретнат, ја поместуваат перцепцијата за пеглањето на едно сосема поинакво ниво. Еве некои од нив:

Проблем број 1 – подесување на температурата, односно самата потреба да ја адаптираме температурата согласно материјалот кој го пегламе

Проблем број 2 – Горење на облеката која доаѓа како резултат на претходно неподесена температура за поделикатните материјали (или заборавање на пеглата врз парчето облека... ууууппппсссс)

Проблем број 3 – Пеглање на материјали со декорации врз кои едноставно не може да ги ставиме на даската за пеглање или врз кои пеглата не може да помине

Но, доста за проблемите, бидејќи нели, за сè има решение. Решението на овие проблеми доаѓа од најреномираниот производител на уреди за пеглање во светот – Philips!

Philips создаде револуционерна технологија и линија на Генератори на пареа кои освен што ќе ви овозможат беспрекорно пеглање дури и на најупорните и тврдокорни набори, ќе ве воведат во светот на лесното пеглање, а со тоа главните проблеми од погоре целосно ќе се надминат. Докажано и потврдено од милиони задоволни купувачи!

Со Philips Генераторите на пареа, ќе заборавите на постојаното менување на температурата при пеглањето на вашите алишта. Уредот воопшто и нема тркалце за подесување на температурата!

Се потекнува од револуционерната технологија „Optimal Temp” која  овозможува да пеглате различни видови ткаенини и текстури без менување на температурата, па проблем бр. 1 оди во заборав. Технологијата „Optimal Temp” ви овозможува повеќе никогаш да не се грижите за тоа дали сте ја подесиле соодветната температура за овој или оној тип на ткаенина, повеќе не мора да ги проверувате етикетите на облеката, или пак да ги сортирате алиштата пред  пеглање

da se pegla ili da ne se pegla prasanjeto e sega 02Благодарение  на напредниот интелигентен процесор кој постојано ја одржува оптималната температура на соодветно ниво, нема да дојде до горење на облеката, дури и кога пеглате чувствителна ткаенина, па и да ја оставите пеглата вклучена на самиот материјал. Повеќе не е важно дали ќе ја оставите жешката пеглата врз омилениот фустан доколку ви заѕвони телефонот или нешто друго ви го сврти вниманието – бидејќи нема изгореници! Со тоа, проблем број 2 оди во заборав. Сега конечно можете едно по друго, да пеглате свила, памук или пак тексас, без притоа да чекате пеглата да се излади или да се загрее. Благодарение на иновативната комора со циклонска пареа, секогаш имате на располагање моќен млаз пареа кој ги отстранува наборите со едно движење.

Доаѓаме до проблем бр. 3 – Како да ги пегламе деликатните парчиња облека со циркони или декорации. Оваа пегла е идеална и за вертикално пеглање, бидејќи е најлесната пегла на пазарот, а моќната пареа што ја произведува е доволно силна да продре длабоко во материјалот. Оваа опција е особено применлива за поделикатните парчиња облека, и брзо решение секогаш кога сте во брзање пред важен состанок или пред вечерното излегување за да ја освежите вашата облека.

da-se-pegla-ili-da-ne-se-pegla-prasanjeto-e-sega-03.jpg

А сега, да се навратиме на почетокот на текстот и да одговориме на тоа зошто Philips Генераторите на пареа се одлични за нив!

Оние кои уживаат во пеглањето, сега уште побрзо, побезбедно и поефикасно ќе ја извршуваат својата омилена обврска. Оние резервираните пак, сега имаат една причина и доказ плус како да си го олеснат процесот кој и не толку уживаат да го прават; и на крај, оние кои  имаат вистинска аверзија кон пеглањето ќе сфатат дека пеглањето доаѓа и во многу полесен облик, или во крајна варијанта – можат да им го подарат Philips Генераторот на пареа на оние кои уживаат да пеглаат.

 

da-se-pegla-ili-da-ne-se-pegla-prasanjeto-e-sega-04.jpg

И за крај, кога ќе размислите дали вреди, одговорот е многу едноставен: Philips генераторите на пареа ни овозможуваат нова ера на пеглање, свет на лесно пеглање без подесување на температурата, без сортирање на материјалите, без горење на омилените парчиња облека, со едноставно отстранување на наборите и пеглање на деликатните парчиња облека, брзо, лесно и едноставно.

 

Дознајте повеќе овде>>>