Неограничен мобилен интернет за омилените социјални мрежи

Скопје, 21 март 2019г. –   Земајќи ги предвид комуникациските потреби на корисниците за што повеќе интернет, телекомуникациската компанија Vip со задоволство ја најавува најновата промотивна понуда наменета за сите пост пејд корисници на мобилната телефонија со која овозможува неограничено користење мобилен интернет за омилените социјални мрежи без при тоа да го трошат месечниот интернет предвиден во претплатата.

neogranicen-mobilen-internet-za-omilenite-socijalni-mrezi-001.png

Ова е единствена можност за сите резидентни корисници кои ќе склучат нов или ќе го обноват веќе постоечкиот договор во Vip Neo M тарифниот модел да ги искористат погодностите на новата промоција и  бесплатно да го добијат Vip Go Social, пакет со неограничен интернет со кој корисниците можат да ги користат омилените социјални мрежи Facebook, Instagram, FB Messenger, Snapchat и WhatsApp.

“Vip повторно ја докажува својата посветеност за обезбедување најдобра понуда за неограничена комуникација согласно со навиките и потребите на корисниците во дигиталната ера. Со Vip Go Social корисниците можат опуштено да споделуваат фотографии, видеа, да се допишуваат со пријателите, да гледаат и да постираат на инстаграм и фејсбук сторис без притоа да го трошат интернетот вклучен во нивната месечна претплата“, изјави Елена Панова маркетинг директорка во Vip.

Дополнително, со склучувањето нов договор корисниците добиваат можност да изберат меѓу атрактивните смарт телефони меѓу кои и Samsung Galaxy J4+ 2018 за 169 денари месечна рата.

Сите постоечки корисници, пак, ја добиваат можноста да станат корисници на пакетот Vip Go Social со едноставна активација преку СМС или апликацијата Mojot Vip со месечен надоместок од 199 денари.

За повеќе информации јавете се во Контакт центар на 077 1234.

Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров разочаран од хејт коментарите: „’Аман од тебе’, ‘Фушерај’, ‘Кога се помага не се сним... „Многу сме интересни како луѓе, кога не снимам како помагам, зошто не помагам, б...
Мартина Михајловска (27) е згодна мајка - ужива на плажа со синот Матиас (3) и ќерката Алана (6) Поранешната водителка, која ја споредуваат со Ева Мендез, многу ретко објав...
Катарина Ивановска, Атанас Атанасовски - Кои познати Македонци имаат првачиња? Први септември - денот кој им носи најголема радост и возбуда на првачињата, кои...
Од 15 јуни на лентите означени со MTAG нема да може да се поминува со MCARD Важно известување до корисниците на наплатните станици. Јавното претпријати...
Александар Динев: „На 15 години имав обид да си го одземам животот“ „Кога почнаа да стигаат тие негативни коментари, особено пораки дека сакаат да м...
Антониа Гиговска пак го смени имиџот - со долги плетенки и мистериозни пораки на Инстаграм најавува ... На социјалните мрежи осамнаа папарацо фотографии на кои Антониа има нов имиџ - д...

Најчитани неделава