Прекрасно е да си дома!

Купувањето сопствен дом, а дотолку повеќе ако е прв, можеби е една од најголемите финансиски одлуки што некогаш ќе ги направите. Тоа може да биде помалку и застрашувачко, особено во оној момент кога ќе помислите на кој начин би дошле до неопходниот буџет.

prekrasno-e-da-si-doma-001.jpg

Од друга страна, пак, поседувањето сопствен дом е една од најпосакуваните желби, бидејќи дава чувство на сигурност, безбедност, мир и спокој или, наједноставно кажано – само дома си е дома.

Незаменливо е чувството кога целото семејство се буди под еден заеднички покрив. Незаменливо е и чувството кога ќе се вратите изморени од работа и ќе се одморите на сопствениот кауч, кога ќе го вклучите сопствениот телевизор, ќе си подготвите јадење во сопствената кујна и кога ќе ги погледнете широките насмевки на вашите деца во нивната сопствена детска соба. Тогаш знаете дека сте дома.

Она што е тешко или, ако повеќе сакате, она што не е лесно, е обезбедувањето финансии за „домот од соништата“. За жал, не може секој „да изгради куќа од сопствен џеб“, но проблемот не би бил проблем доколку за него не постои соодветно решение. Станбените кредити не се ништо ново и ништо страшно, а не се ни нешто што не може да се реализира. На пример, дали знаете дека само во 2017 година и само во Америка, 71,2% од домовите се купени со помош на станбен кредит?

Предностите на станбениот кредит

А, зошто да не? Приватноста, поврзаноста со заедницата, сигурноста, но и растечката вредност на поседување недвижен имот се незаменливи. На пазарот има безброј можности, односно поволни станбени кредити што ве носат чекор поблизу до поседувањето стан или куќа.

Иако можеби не сакате да ѝ бидете должник на банката, сепак треба да размислувате и на иднината, а токму станбениот кредит го прави поседувањето дом подостапно и поедноставно. На пазарот има и поволни кредити со поволни каматни стапки и структура што ќе ви обезбедат сопствен покрив над главата.

Моментално, добар пример за атрактивни понуди е станбениот кредит на Халкбанк со намалено учество од 15%, кој е во пакет со полиса за животно осигурување, но и со гратис полиса за домот. Немате трошоци за процена, за одобрување кредит, како и за предвремена ликвидација од сопствени средства, а, пак, каматната стапка е фиксна во првите 5 години. На тој начин, со добар финансиски план, лесно може да дојдете до исполнување на сонот.

Всушност, обезбедувањето поволни можности за вдомување го промовира просперитетот, што, пак, за возврат создава успешни заедници и го подобрува квалитетот на живот во нашата средина.

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Maкедонка, што живее во САД, го откри полот на бебето со натпис на куќата и украси во дворот - најср... „Бидејќи синот Адам (3) беше возбуден за тоа дека ќе биде голем брат, сакав дозн...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Доктор Митов: „Во рака ми е првиот леб што сум го направил - баш каков што го сака жена ми“ „Природата нѐ учи на многу работи, но пред сѐ мислам дека нѐ учи на трпение. И п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg