Елена Димовска од Вип: „Научете ги децата дека Супермен и Џастин Бибер не може да им пратат понуда за пријателство“

„Зборување, зборување и само зборување. Ако децата ги научиме како да ја направат разликата помеѓу доброто и лошото во невиртуелниот свет, тогаш зошто тоа не го правиме и во виртуелниот свет?“, вели Елена Димовска, раководител на одделот за Корпоративни комуникации во Вип.

elena-dimovska-od-vip-nauchete-gi-decata-deka-supermen-i-djastin-biber-ne-mozhe-da-im-pratat-ponuda-za-prijatelstvo-01.jpg

Целта на Vip едукативната програма „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно“ е преку различни алатки, програми и тренинзи, учениците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно активно и безбедно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата, но и активен придонес на компанијата кон обликувањето на подобро образование на децата и стекнување на вистинските вештини.

Проектот „Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно“ е дел од иницијативата „Интернет за сите“ на A1 Телеком Австрија Групацијата, a партнери на проектот се Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, како и менаџментот и наставниот кадар на основните училишта каде се реализираат предавањата.

Освен од страна на граѓаните, родителите и учениците, Вип едукативната програма беше и јавно препознаена и наградена со признание од страна на координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија во категоријата „Однос кон заедницата“.

Елена Димовска е дел од тимот на Вип веќе година и половина како раководител на одделот за Корпоративни комуникации, под чија надлежност спаѓа и реализацијата на едукативната програма, но и проектите за општествена одговорност на компанијата.

elena-dimovska-od-vip-nauchete-gi-decata-deka-supermen-i-djastin-biber-ne-mozhe-da-im-pratat-ponuda-za-prijatelstvo-08.jpg

Својата непосредност, позитивност, прагматичност, креативност и иновативност, со која ја карактеризираат нејзините соработници, таа ги припишува на нејзиното лично мото: „Биди во постојан натпревар со сама себе, денес биди подобра варијанта од себеси вчера“.

Според вашето досегашно искуство со едукативната програма, колку од учениците во 4-то одделение имаат свој Facebook и Instagram профил? Колку часови дневно минуваат на интернет?

Согласно досегашното искуство, Instagram можеби и не толку често, но Facebook е доста застапена помеѓу оваа популација. А бидејќи нивната возрасна граница не ја пресретнува минималната граница, нас на предавањата повеќе нè интересира дали нивните родители го одобруваат „лажењето“ за возраста, или децата тоа самоиницијативно го прават. Супер е што високи 90% го прават тоа во консултација со нивните родители, а на оние останатите им препорачуваме да ги информираат своите родители дека се дел од мрежата.

Дополнително, радува податокот дека се навистина свесни дека нивната листа на пријатели треба да биде исклучиво од профили на лица кои лично ги познаваат. Во однос на времето потрошено на социјалните медиуми, велат дека 1-2 часа дневно се на Facebook.

elena-dimovska-od-vip-nauchete-gi-decata-deka-supermen-i-djastin-biber-ne-mozhe-da-im-pratat-ponuda-za-prijatelstvo-02.jpg

Многу деца се мета на сајбер булинг, дали досега некое дете собра храброст да сподели со вас некое искуство за онлајн насилство врз него?

За среќа досега сме немале лични примери за сајбер булинг, но за жал, ги слушаме децата дека тоа се случува во нивното потесно или пошироко опкружување. Кога ќе ја отвориме таа тема, радува фактот што децата без исклучок го осудуваат таквото однесување и знаат дека тоа не е добро, дека тоа може да повреди некого, но мислам дека сè уште не се свесни како да препознаат таков вид на насилство.

Затоа им потенцираме – секогаш кога ќе се соочат или ќе забележат некоја несекојдневна ситуација кон нив или кон нивното другарче, да го споделат тоа со нивните родители или наставници, кои ќе им помогнат во надминување на нивниот проблем.

Понекогаш зад лажни профили се кријат педофили и измамници кои сакаат да ги заведат децата, кој е вашиот совет до децата, како да се заштитат од нив?

На предавањата настојуваме да им посочиме дека правилата за однесување додека се на Интернет се идентични како и оние во секојдневието. Односно, ги мотивираме да воочат дека доколку се соочат со ситуација каде ним непознат профил или лице им пристапи, веднаш да престанат да комуницираат со него и за тоа да ги информираат своите родители или наставници. Исто како што би постапиле во невиртуелниот свет – правилото дека со непознати не разговараме и никако не прифаќаме подароци или покани за средби, важи и на Интернет.

Обрнуваме особено внимание да им посочиме дека иако ликот физички не е пред нив и не го гледаат (па, децата мислат дека се позаштитени бидејќи немаат физички контакт), не смеат да контактираат со него бидејќи може да им нанесе ним, на нивните другарчиња или родители штета.

Она што го забележуваме е дека децата често знаат да прифатат за пријател некој лик кој го носи името на некој за нив познат лик како Супермен, лик од омилениот филм, омилената глумица и сл, па ги советуваме дека зад тој профил се крие некоја сосема друга личност, кои дава лажни податоци. И тука ни започнува дискусијата за тоа како Џастин Бибер некому пишал здраво и плодна дискусија дали тоа е вистина или не.

elena-dimovska-od-vip-nauchete-gi-decata-deka-supermen-i-djastin-biber-ne-mozhe-da-im-pratat-ponuda-za-prijatelstvo-03.jpg

Каков е фидбекот на терен? Колку чувствувате дека вашите зборови допираат до најмладите?

Особено е интересно колку децата се технолошки писмени. Се разбираат, учат, впиваат. Активно учествуваат, кажуваат ситуации и поставуваат прашања кои дополнително нè уверуваат во исправноста на оваа наша едукативна мисија.

Од досегашните предавања забележуваме дека речиси 99% од децата знаат што е интернет и во некаква форма и самостојно биле дел од светската мрежа. Најголемиот број од нив, Интернетот го користат за игри и забава, што е и логична појдовна точка за едукација, бидејќи токму во тие содржини децата можат да се сретнат и со првите опасности како на пример pop-up банери или пак други форми на рекламни содржини со скриени намери.

Децата се бескрајно љубопитни и секогаш во потрага по откривање на нови хоризонти интересни за нив и од особена важност за нивното континуирано учење и надградба, но Интернетот е место каде постојат потенцијални опасности, доколку не се користи претпазливо.

elena-dimovska-od-vip-nauchete-gi-decata-deka-supermen-i-djastin-biber-ne-mozhe-da-im-pratat-ponuda-za-prijatelstvo-05.jpg

Светот, а и Македонија, ја потресоа некои онлајн појави како „Момо предизвикот“, кој сее страв меѓу родителите бидејќи станува збор за анимиран лик кој им дава опасни задачи на децата кои на крај завршуваат со самоубиство. Кој е советот за превенција од овој тип на „модерни зла“?

Зборување, зборување и само зборување. Ако децата ги научиме како да ја направат разликата помеѓу доброто и лошото во невируелниот свет, тогаш зошто тоа не го правиме и во виртуелниот свет? Учеството во вакви и слични „модерни зла“ потекнува пред сè од ненавремената „интервенција“ од страна на родителите, но во голема мера и од психолошкиот момент на детскиот наивен им да се биде дел од толпата бидејќи тоа е „ин“ и се разбира, љубопитноста за непознатото.

На светско ниво, алармантна е бројката на деца изложени на ваквите опасности, па улогата на про-активната формална и неформална едукација е поважна од било кога. Родителите, наставниците и општеството во целина, но и модерните медиуми како извор на информации за денешните генерации, мора здружено да работат во насока на создавање на регулатива која постојано ќе се бори за искоренување на ваквите штетни влијанија, имајќи ја соодветната навремена едукација во центарот на сите активности.

elena-dimovska-od-vip-nauchete-gi-decata-deka-supermen-i-djastin-biber-ne-mozhe-da-im-pratat-ponuda-za-prijatelstvo-04.jpg

Сепак, интернетот сè почесто е алатка која им помага на децата во завршување на нивните домашни задачи и во изработката на проекти. Колку децата знаат да ги користат придобивките на интернетот?

Навистина многу. Децата во денешно време како „да се родени“ со познавања за интернетот и живеењето во дигиталното општество. Знаат да пишуваат латиница дури и пред воопшто да појдат во училиште. Играат игри како професионалци.

Знаат точно која песна им треба на Youtube, кој клучен збор да го употребат за да го најдат тоа што ги интересира. Поголемиот дел знаат што е хардвер, софтвер, социјална мрежа, емотикон или www. Знаат што е хакер, но ги учиме и што е плагијат.

Делумно знаат за опасностите, но истите ги раскажуваат како да се некаква приказна која му се случила на некој друг и не се многу свесни дека тоа е многу реално и може да се случи секому. Токму овде и токму затоа е од особена важност навреме да им се „отворат“ можностите и ризиците, додека сè уште некои нешта не им се јасни.

elena-dimovska-od-vip-nauchete-gi-decata-deka-supermen-i-djastin-biber-ne-mozhe-da-im-pratat-ponuda-za-prijatelstvo-06.jpg

Краток апел до родителите кога станува за контролата како нивните деца го користат интернетот?

Можеби постојано се повторувам, но сè треба да започне и заврши со отворен разговор. Зошто да, зошто не, како треба, како не треба, како се комуницира на интернет, како да ги заштити своите лични податоци. Родителите се секогаш пример за своите деца, па неопходно е тие да го почитуваат примерот кој го поставиле и да го практикуваат она што ги учат своите деца и се разбира градењето на заемна доверба.

Превентивната заштита на уредите преку кои детето пристапува на Интернет е вториот чекор: преку соодветни заштитни програми и алатки за филтрирање на несоодветните Интернет страници, креирање на омилени табови со страниците кои детето најмногу ги посетува, што би ги намалило можностите детето да „залута“ на друга слична страница, и сл.

На крајот, но подеднакво важно е родителите секогаш да бидат во тек со тоа што нивното дете прави на Интернет и колку време и за кои активности пристапува на Интернет, па во заеднички договор, треба да се ограничи времето за користење на уредите преку кои се пристапува на Интернет. Во никој случај не треба да се забрани користењето на Интернет од „јас така велам“ причини, бидејќи тоа ќе предизвика само контра-ефект.

Како децата да ги заштитат своите лични податоци?

Најнапред треба да им се објасни на децата што се лични податоци, па потоа и зошто е важно да ги заштитат истите. Ние во предавањата ги опфаќаме и основните лични податоци, но и „секундарните“ лични интереси, па освен името, презимето, местото на живеење, телефонот и сл., ги прошируваме и со податоци од лична природа на пример, имиња на другарчиња, омилено место за играње, споделување информации кога и каде некаде ќе патуваат, кога се сами дома и сл.

Откако децата ќе разберат што се личните податоци и информации, тогаш може да се премине во објаснување зошто не треба да се даваат истите во јавност, особено не на социјалните мрежи каде нема враќање на она што веќе е онлајн. Да им се посочат примери преку кои ќе се долови моментот дека тие податоци некој ќе може да ги злоупотреби, на пример, доколку детето објави информација дека неговите родители се излезни и тоа е само дома, може некој заради шега, или посериозно, заради нанесување на штета, да го исплаши.

elena-dimovska-od-vip-nauchete-gi-decata-deka-supermen-i-djastin-biber-ne-mozhe-da-im-pratat-ponuda-za-prijatelstvo-07.JPG

Колку децата носат мобилни телефони на училиште? Позитивната и негативна страна на оваа практика…

Потребата за постојана комуникација и пристап до информации во секое време, но и трендовите на „дигиталната“ ера во која живееме, некако природно ни доаѓа да им ги наметнуваме и на нашите деца, но истото тоа го диктира и општеството во кое денес живееме.

Да бидеме реални, не можеме (или не сакаме) на децата да им ги ускратиме нештата во кои нивните врсници уживаат (меѓу кои и поседување и носење на мобилен телефон на училиште). Мојот личен став е дека е во ред мобилните телефони да се носат на училиште, но апсолутно не е во ред тие да бидат во децата во текот на наставата.

Што ве мотивира како компанија да правите вакви едукативни кампањи? Дали мислите дека клиентите се способни да препознаат општествено одговорна компанија?

Вип, како општествено одговорна компанија чувствува одговорност да придонесе во рамките на своите можности, бидејќи само заедно, и како наставници, и како родители и како претставници на институциите и компаниите, можеме да ги направиме промените и да ги подготвиме нашите најмлади за светот на можностите кој им претстои.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку се високи македонските џебни Венери? Од Ноне Неделковска до Јелена Јованова и Викторија Лоба – кои македонски дами не...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Тамара на летување со децата во Грција – ги одведе во циркус, се возат на фотелја додека ги влече гл... Тамара Тодевска на една од фотографиите откри и дека на летување со нив е Марко ...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Денес се слават светите Кузман и Дамјан, заштитници на лекарите - Што не треба да правите на овој де... Светите браќа целиот свој живот го посветиле на лекување на луѓето, а не барале ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg