Обединети за утре

obedineti-za-utre-povekjeВо организација на трите младински организации, Гоу Грин–Биди Зелен, АИЕСЕК и Сојуз на Извидници се одржа семинар: “ОБЕДИНЕТИ ЗА УТРЕ – ПРЕЗЕМИ...

 

...АКЦИЈА СЕГА”. На 4ти Декември, Гоу Грин – Биди Зелен, АИЕСЕК Македонија и Сојуз на извидници на РМ одржа едно-дневен семинар на Економскиот факултет во Скопје.

Присуствуваа 100 учесници, членови на трите организации, на возраст од 14 до 22 години. Целта на семинарот беше да се подигне свеста, да се поврзат и мотивираат младите за да преземат активна улога во создавање на одржливо општество.

Отворањето на семинарот имаше форма на панел дискусија на тема: “Улогата на младите во создавање на одржливо општество”. ЕУ Амбасадорот, Г-динот Ерван Фуере, покрај поздравниот говор, беше и панелист, заедно со Г-ѓа Љиљана Поповска (пратеник во собрание), Г-дин Методија Саздов (Претседател на Мак Зелен Центар) и Г-дин Петар Лазаров (Претприемач и ко-основач на Македонија Експорт).

obedineti-za-utre-2

Отворањето беше проследено со предавање од страна на Г-ца Лаура Рандма (АИЕСЕК практикант од Естониjа) на тема: “Предизвикување на погледот на светот”. Секоја организација одржа по две работилници на тема, одржлив развој (Гоу Грин), активирање на лидерство (АИЕСЕК) и биодиверзитет (Извидници). Затворањето на семинарот имаше форма на панел дискусија, каде што алумни од АИЕСЕК и Извидници, дискутираа на тема: “Што значи да си агент на позитивна промена?”.

obedineti-za-utre-1

Целта на семинарот беше и да придонесе за личниот развој на младите како и за нивно посуштинско поврзување, пренесувајќи моќна порака на обединување и создавање синергија.

Овој семинар претставува еден дел од иницијативата “ОБЕДИНЕТИ ЗА УТРЕ – ПРЕЗЕМИ АКЦИЈА СЕГА”. Вториот дел е во подготовка и претставува “марш против загадување”, кој ќе биде реализиран наскоро.

Би можело да ве интересира:

Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Марија Саздева со исповед: „Како дете се радував на дијагнозата тумор - само тогаш бевме поврзани со... „Кога имав 9 години, добив тумор на крвните садови. По секоја контрола во болниц...
Елена Ристеска ја возвишува мајка ѝ во роденденската честитка: „Ти си единствена и незаменлива“ „Што и да напишам малку и кратко ќе биде, а заслужуваш цела книга да напишам за ...
Катарина и Тамара на летување со децата - водени лудории, забава во песок, крстозборки на плажа во Г... „Секој своја приказна“, напиша Тамара на слатката фотографија, каде Хана, Дарен,...
Јелена Спенџарска искрена: „Во ред е да плачеш наместо да глумиш сила, да изгубиш контакт со некои л... „Нормално е да не си го сакаш работното место понекогаш дури и ако тоа е твојата...
Маја Панчева, Љупка Митрова – Познати македонски дами кои летово позираа без грам шминка (фото) Катарина често знае да прошета без грам шминка, Тијана Дапчевиќ на одмор се пока...

Најчитани неделава