Слатки задоволства без кои не можете да си го замислите патувањето

Кога ќе започне летната сезона градот станува најмалку привлечно место каде сакаме да ги поминеме викендите и слободните денови. Близината на Халкидики или Охридското крајбрежје ни ги олеснуваат одлуките за тоа „каде да киднеме“ на викенд.

slatki-zadovolstva-bez-koi-ne-mozete-da-si-go-zamislite-patuvanjeto-01.jpg

Вештината набрзина да се спакувате и да влезете во автомобилот станува лесна егзекуција. Со брзина на светлината ги пакувате куферите со најнеопходните летни парчиња облека, го вклучувате омилениот музички албум и го напуштате секојдневието во градот. Можеби затоа на повеќето луѓе летниот период им е омилен токму поради едноставноста, слободата и спонтаноста кои ни ги овозможува.

Покрај добрата музика која оди во фон и ви го прави патувањето забавно и пријатно важно е во автомобилот, посебно доколку сте сувозач  да бидете спремни со грицки и слатки задоволства кои ќе го држат вниманието и нивото на среќа на завидно ниво. Постои голем избор на ваков тип на храна, она на што е важно да обрнете внимание е ужинката да не се топи на повисока температура и при тоа да ве извалка и вас и автомобилот. Затоа можеби најзгодни слатки се житните бисквити или пак крцкави вафли кои се лесно сварливи имаат хранлива вредност. Македонскиот производител Макпрогрес со нивната линија на слатки задоволства Винчини имаат широк асортиман на ваков тип на занимации кои ќе ги направат патувањата забавни и за вас многу едноставни.

slatki-zadovolstva-bez-koi-ne-mozete-da-si-go-zamislite-patuvanjeto-02.jpg

За најмалечките ви предлагаме да ги изненадите со производот на Винчини Viva La Vita чијашто беспрекорен квалитет ги освојува нивните срца на прва. Од истата линија згодни за да ги понесете на одмор се и наполитанките, кои се идеални за ужинка, или по оброк.

И не заборавајте да правите попатни паузи кои ќе ви помогнат да земете воздух, возачот да се одмори и да направите куса прошетка која е добредојдена по секое долго седење. Препорачливо е на секои два саата да направите 15 минутна пауза а по потреба можете и почесто.

Со нашите куси совети и предлози се надеваме дека ќе имате пријатно лето исполнето со многу патувања  и време поминато со пријателите и најблиските!

slatki-zadovolstva-bez-koi-ne-mozete-da-si-go-zamislite-patuvanjeto-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Дамјан (5) од Штип е мал географски гениј - ги знае сите знамиња, ги црта границите на државите без ... „Неодамна, вртејќи го глобусот ми рече: „Мама, мене светот ми е многу мал“. ...
Тамара Тодевска навести дека дошол крај на љубовта со Лука: „Сингл мајка што се состанува одново“ Тамара Тодевска сними шеговито видео со кое најави дека дошол крај на љубовта со...
Таткото на Надица од Кочани, на денот кога требаше да слави матура: „Каде и да си, за мене ќе си нај... „Домот требаше да е полн со смеа, музика. Требаше да гледам како се подготвуваш,...
Наша стјуардеса за напуштањето на Дубаи: „Со авионски лет отпатував за Бали, но застанавме да полним... „Летот беше половина празен, сè беше во ред, освен тоа што требаше да застанеме ...
Типик за велигденски пости 2026 - кога се јаде масло и риба, а кога се готви само на вода? Погледнете го типикот, односно правилата за велигденските пости 2026 - на кои де...

Најчитани неделава