Парче полно здравје – новиот леб на Жито Лукс со црно семе и просо

Лебот многумина го сметаат за не толку здрав дел од исхраната и понекогаш го исфрлаат и одбегнуваат во оброците, што е навистина погрешна перцепција. Компанијата Жито Лукс постојано се стреми да ги промени овие сфаќања и на потрошувачите да им понуди здрави лебови, кои имаат голем број придобивки за човековиот организам.

parche-polno-zdravje-noviot-leb-na-zhito-luks-so-crno-seme-i-proso-01.jpg

Покрај големиот број на новитети воведени во асортиманот изминатиов период, Жито Лукс не застанува. Сега, на пазарот го претставува и новиот леб кој содржи црно семе и просо, кој е дополнително  збогатен со железо. Одлика на овој леб е големото количество на железо , каде што 2 парчиња содржат 20% од рефернтниот внес на железо.

parche-polno-zdravje-noviot-leb-na-zhito-luks-so-crno-seme-i-proso-02.jpg

Црното семе или Nigella Sativa е растение кое благодарение на својот уникатен состав има благотворно дејство за човечкиот организам. Докази за негово одгледување и употреба има уште во древниот Египет. Зрната на црното семе содржат голем број активни состојки како минералите калциум и фосфор, бакар,калиум, цинк и железо, омега 3 и 6 масни киселини.

Просото е безглутенска житарка која е лесно сварлива.  Поради тоа што не содржи глутен, просото е хипоалергенска житарка и претставува одличен избор за лица чувствителни на глутен.

Сите овие придобивки, на едно место, во само едно парче леб, Жито Лукс леб со просо и црно семе, парче леб полно здравје.

parche-polno-zdravje-noviot-leb-na-zhito-luks-so-crno-seme-i-proso-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Моника Црнокрак со нова титула од избор за убавина - Ќерката на Мики и Светле меѓу најубавите на Мис... Во финалето Моника се претстави во стилизирана македонска носија и во долг фуста...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Бетика од Ресен: „Од 9 години научив да возам трактор, семејно береме сливи, дрвцата ни се како деца... „Возам трактор од мојата 9-та година и благодарение на мојата фамилија со години...

Најчитани неделава