Huawei нуди до 50% попуст на промена на екранот на мобилни телефони на сите свои клиенти во Македонија

Huawei од од денес започнува нова сервисна кампања во Македонија, која ќе трае до средината на септември. Во овој период, секој доносител на телефон Huawei може да замени скршен или неисправен дисплеј со попуст до 50%, без дополнителни трошоци.

huawei-nudi-do-50-popust-na-promena-na-ekranot-na-mobilni-telefoni-na-svoi-klienti-vo-makedonija-01.JPG

Скршен или испукан екран или оштетена батерија се некои од најголемите проблеми со кои корисниците на мобилни телефони се соочуваат секојдневно. Сепак, ова не важи за корисниците на телефони на Huawei кои можат да имаат корист од специјалната услуга Huawei Care од 15 август до 14 септември.

Денес е важно секој корисник да ги заштитува своите лични податоци, дури и кога го остава својот телефон во сервис. Huawei обезбеди токму таква услуга Huawei Maintenance Mode (можете да ја најдете во апликацијата HiCare), што гарантира дека никој нема да има пристап до вашите лични податоци.

Со новата сервисна кампања, покрај обезбедувањето нов дисплеј, Huawei им овозможува на корисниците да ја заменат и батеријата на нивниот паметен телефон. Оваа услуга се однесува на одредени модели, за кои можете да се консултирате во овластениот сервисен центар на Huawei.

Новата услуга со попуст до 50% за замена на екранот се однесува на избраните клучни модели Huawei: P20, P20 Pro, Mate 20 lite, P20 lite, Mate 20 Pro, P Smart 2019 и Y Series модели - Huawei Y6, Y5, Y6 2019.

Попустот што ќе го добиете при замена на скршен екран можете да го проверите овде: https://consumer.huawei.com/mk/support/screenreplacement/. На овој сајт можете да ги најдете и сите детални услови за оваа промоција.

Секој клиент може да има корист од промоцијата на услугите доколку лично го посети овластениот сервисен центар на Huawei кој се наоѓа на бул. „Борис Трајковски“ бр.72  во Скопје. Таму, секој може да добие совет или помош за нивниот Huawei уред секој работен ден од 8 до 16 часот.

Huawei исто така ве потсетува на тековната сервисна кампања до крајот на годината, која можете да ја искористите секоја последен четврток и петок во месецот, при што ќе добиете попуст од 1.300 денари на секоја поправка вон гарантниот рок и бесплатен заштитник на екранот кога ќе заврши поправката. Детални информации за тоа може да се најдат на официјалната веб-страница https://consumer.huawei.com/en/support/.

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...

Најчитани неделава