„ЗдравоЗаГотово“ со нова сезона и нова тема - Антикорупција

Интернет серијалот „ЗдравоЗаГотово“ започна со емитување на новиот циклус епизоди  на тема антикорупција. Како настанува, каде вирее, како се препознава, кому сè му влијае и секако најважното – како да и се спротивставиме.

zdravozagotovo-so-nova-sezona-i-nova-tema-antikorupcija-1.jpg

Целта на проектот “

/">ЗдравоЗаГотово - Антикорупција“ е да ја зголеми информираноста на тема корупција, да предизвика критичко размислување, и да го намали прагот на толеранција на граѓаните за оваа апсолутно негативна појава што континуирано го разнишува нашето општество.

Серијалот испраќа јасна порака “да не ја земаме корупцијата здраво за готово“, и преку едукативен и вешто духовит начин не’ соочува со нашиот нарав и подложност на корупција.

Речиси и да нема граѓанин кој свесно или несвесно учествува во корупција во државата. Попрецизно, “

/" target="_blank" rel="noopener noreferrer" style="background-color: initial;">ЗдравоЗаГотово - Антикорупција“ ги посочува нашите непромислени навики да носиме подароци за службениците кога одиме да завршиме редовна административна процедура. Но, и нашите нагони “да завршиме побрзо работа“ и да “го прескокнеме редот“ со што ги активираме сите познанства со јавна функција.

/?v=512025479641018

И многу повеќе од тоа, “ЗдравоЗаГотово“ не соочува со неколку т.н. коруптофакти, или алармантни податоци, како што е процентот на случаите кога граѓани го иницираат подмитувањето што изнесува 32%, наспроти 25% од случаите каде експлицитно било побарано од нив мито.

zdravozagotovo-so-nova-sezona-i-nova-tema-antikorupcija-03.jpg

- Корупцијата нè засега сите. Таа се заканува на одржливиот економски развој, на правдата и етичките вредности, го дестабилизира нашето општество и го загрозува владеењето на правото. Ги поткопува институциите и го доведува во прашање демократскиот систем. Корупцијата носи до сиромаштија.

Ги одвраќа странските инвестиции, го забавува развојот на инфраструктурата... Навлегува во секој животен аспект, ги лишува граѓаните од нивните уставни и човекови права. Токму затоа оваа сезона решивме низ поинаква призма, низ еден систематски пристап, но и хумор и оптимизам, да влијаеме врз свеста на граѓаните и да ја „разгориме“ нивната желба да и’ се спротивстават кон корупцијата“ – изјавија од авторската екипа.

zdravozagotovo-so-nova-sezona-i-nova-tema-antikorupcija-01.jpg

Водителка и оваа, како и минатата сезона е актерката Маја Љутков, а серијалот се емитува на социјалните мрежи во текот на ноември и декември.  

Следете ги каналите за комуникација Facebook, Instagram и YouTube, секој вторник во 19:00 часот излегува нова епизода, а секој ден објавуваме многу интересни и важни информации  

“ЗдравоЗаГотово - Антикорупција“ е во продукција на Центарот за социјални иновации - Блинк 42-21.

Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Ивона Јо на настап ѝ пее на мајка си и се топи од емоција: „Како стареам сѐ повеќе потсетувам на неа... „Горда сум што одгледав толку благородно, чувствително и светло човечко суштеств...
Ана Стојанова се огласи од болница во Грција: „Имав напад на слепо црево и ме задржаа“ „Ми дадоа инфузија, јас спремна да одам, ми викаат да ти го провериме стомакот, ...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...

Најчитани неделава