ОКТА трета година по ред додели стипендии на 10 студенти на УКИМ

Десет студенти на УКИМ денеска ги потпишаа договорите со ОКТА, со кои добиваат целосни стипендии за постдипломски студии.

okta-treta-godina-po-red-dodeli-stipendii-na-10-studenti-na-ukim-01.jpg

Компанијата трета година по ред стипендира студенти од државниот Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Со оваа програма се опфатени пет факултети од УКИМ кои се блиски и сродни со основната дејност на компанијата. Годинава со стипендии се стекнаа по двајца студенти на Машински факултет, Технолошко-металуршки факултет и Економски факултет, и еден студент на ПМФ – Институт за хемија, додека на ФЕИТ беа доделени три стипендии. Стипендиите се наменети за втор циклус едногодишни студии, за учебната 2019/2020 година.

okta-treta-godina-po-red-dodeli-stipendii-na-10-studenti-na-ukim-02.jpg

Преку својата општествено одговорна политика, компанијата ОКТА е активно посветена на унапредување на образовниот процес и поттикнување на младите да вложуваат во своето образование и знаење.

Покрај стипендирањето студенти за втор циклус студии во земјата и во странство, поддршката од ОКТА за студентите се проширува и преку реализирање на редовната програма за практиканти, како и поддршката на различни активности за унапредување на наставно - образовниот процес на факултетите.

Би можело да ве интересира:

Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Мартин и Стефан од Некст Тајм во Рим - со постариот брат наздравуваат со ракија: „Повторна ергенска ... Поради фотографијата на која стои пораката „Повторна ергенска средба во Рим“, но...
Се породи сопругата на дечкото со картони Бомбакис - доби второ дете, по борбата со ракот Кристијан Станковски - Бомбакис, или Бомба, за себе вели дека се занимава со мно...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Жарко Димоски со семејството повторно на Малдиви: „Истото место, истите денови, нова година“ „Момчињата ќе бидат момчиња“, напиша сопругата на актерот, на кои Жарко игра фуд...
Аеродромци се жалат на музиката од Тоше која свири 12 часа на ден на „Детска улица“: „Убаво е за мин... „Видеото е снимено денес, недела, во 9 часот наутро. Некој можеби ќе рече: „Па у...

Најчитани неделава