Торба хуманост, топол оброк и чај - Каревци со „Давална“ најголема атракција на „Winterland 2020“ (фото)

Во овие ладни зимски денови, кога најлошото ни се чини секојдневно, надежта дека добрината и човечноста сепак постојат, повторно ни ја докажуваат оние помладите, од кои навистина имаме што да научиме.

torba-humanost-topol-obrok-i-chaj-karevci-so-davalna-najgolema-atrakcija-na-winterland-2020-foto-01.jpg

Каревци повторно најдоа начин да помогнат.

Проектот ДАВАЛНА, кој за првпат започна во октомври минатата година, претставува еден од поголемите проекти по граѓанска култура, каде учествуваат ученици и професори од СУГС „Никола Карев“.

ДАВАЛНА, која навидум е само една мала куќичка при предновогодишниот базар во Скопје „Winterland“ е доказ за хуманоста на децата и за емпатијата која владее во нивните срца.

Учениците и оваа година долго и вредно се подготвуваа, со изработка на честитки со охрабрувачки зборови како и собирање на сочувана облека и играчки.

Torba-humanost-topol-obrok I-chajche-od-kamilica – Karevci-so-svojata-„Davalna“-najgolema-atrakcija-na-ovogodineshniot-„Winterland” 02 630x340.jpg

Сите собрани предмети беа изложени во Давалната и беа понудени на оние кои им се најпотребни.

Учениците и професорите се потрудија да донесат среќа не само со облеката и играчките, туку и со топлите оброци кои беа делени на штандот.

Torba-humanost-topol-obrok I-chajche-od-kamilica – Karevci-so-svojata-„Davalna“-najgolema-atrakcija-na-ovogodineshniot-„Winterland” 03 630x350.jpg

Во соработка со #Ретвитниоброк и нивната помош, Каревци успешно ги промовираа хуманите вредности на давање на оние на кои им е најпотребно.

„Прекрасно е чувството кога ќе видиме толку многу насмеани лица. Нивната радост нè радува и нас“ - се зборовите кои ги кажуваа учениците додека делеа сокови и топли чаеви.

Но, хуманоста не остана само на нивната страна од штандот. Не беше чудно минувачите да застанат и да прашаат на кој начин би можеле и самите да помогнат. Повеќето од нив се враќаа со полни вреќи облека и храна. 

Torba-humanost-topol-obrok I-chajche-od-kamilica – Karevci-so-svojata-„Davalna“-najgolema-atrakcija-na-ovogodineshniot-„Winterland” 04 630x350.jpg

Делата кажуваат сѐ, а преку нив Каревци навистина кажаа многу! Тие и оваа година загреаа многу срца со нивната хуманост и чајчето од камилица.

Во продолжение повеќе фотографии од ова прекрасно искуство: 

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Македонец со вирална објава по фемицидот во Велес: „Да ги научиме синовите дека жената не е трофеј, ... „Како татко на син, сметам дека нашите синови треба да ги научиме дека една...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Росана Сариќ револтирана: „Жена во нашата зграда собира смет и го запали - полиција влезе насилно во... „Во нашата зграда живее сама жена, живее во смет. Смрдеата е неподнослива, ...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...

Најчитани неделава