Александра Чугунска – Од нашиот салон жените излегуваат насмеани и убави!

Александра Чугунска е од оние млади фризерки кои со својот ентузијазам и енергија внесуваат многу  новитети во работата и кои оставаат белег во професијата.

aleksandra-chugunska-od-nashiot-salon-zhenite-izleguvaat-nasmeani-i-ubavi-01.jpg

Симпатична, отворена, вешта фризерка која ужива во својата работа во Фризерскиот салон Alexia во Гевгелијa. Тоа и беше повод нашата редакција да реализира краток разговор со неа.

По што се двои вашиот салон за убавина?

Дефинитивно по пријатната домашна атмосфера која се чувствува уште со влегувањето. На односот со клиентите посветуваме посебно внимание, што е причина да имаме долгогодишни клиенти, а тука да доаѓаат жени од соседните градови. Со нашите клиенти разговараме, разменуваме искуства, ги слушаме нивните сугестии и секогаш настојуваме да ги задоволиме нивните потреби. Она што е најважно е дека одтука луѓето излегуваат насмеани, среќни и секако убави.

Колку ги следите новитетите во оваа дејност?

Денес е многу полесно тие да се следат, со оглед на достапноста на информациите на интернет. На youtube постојат еден куп видеа, преку кои може да се едуцирате, да спознавате нови техники и трендови. До фризерот е колку сака да научи, да се едуцира, да пробува нови работи. На крај на денот колку ќе бидете добри, иновативни зависи и од вашата фантазијата. Денес голема олеснителност е и тоа што на пазарот има лесно достапна и квалитетна професионална козметика за коса со која и ние фризерите си ја олеснуваме работоа, а воедно ги задоволуваме потребите и желбите на клиентите.

aleksandra-chugunska-od-nashiot-salon-zhenite-izleguvaat-nasmeani-i-ubavi-02.jpg

Колку правилната нега на косата влијае на женската самодоверба?

Ако правилно не се негува косата таа не изгледа добро. Затоа барем еднаш месечно треба да се посетува фризер кој ќе даде професионален совет. Искуството на фризерите е непроценливо. Наша стара изрека вели вака: Во главата и во нозете ако не си среден, што и да облечеш џабе ти е!

Што ги советувате вашите клиенти?

Дека секоја жена е убава, кога се грижи за себе и се негува.

А дека дефинитивно косата е најголемиот украс, и најсилниот нејзин адут за остварување на било која цел. Не  е случајно што денес во Гевгелија гледаме убави жени, со стил и препознатливост.

Ние во нашиот салон да работиме со IMEL козметика за обновување на оштетена коса која истовремено овозможува и третмани за хидратација и за регенерација на косата. Топло ги препорачуваме на нашите клиенти производите PROFESSIONAL IMEL Pure Gold,IMEL Hyaluronic,IMEL Collagen hair mask,IMEL Caviar Black,IMEL Keratin Infusion. Важно е да верувате во себе и во она што го работите. Секако да ги слушате желбите на клинетите, но и да давете соодветни квалитетни и отворени одговори. Па така јас не ретко советувам дека кусата коса секогаш подмладува без разлика на формата на лицето. Дека според обликот на лицето сепак треба да се одбере фризурата и колку косата би можела куса да биде. Оние кои имаат долгнавесто лице би можеле да си дозволат и суперкратка, па и машка фризура, куса коса со шишки или уште подобро – куса коса со асиметрична форма.  На дамите пак со заоблено лице најдобро би им стоела степенесто потстрижаната коса со умерено кратка должина која би можела да биде замазнета на едната страна или високо подигната под темето. Долгата коса секако дава грациозност и елеганција. Јас сум отворена за иновации и екеспериментирање, со форми со бои...

aleksandra-chugunska-od-nashiot-salon-zhenite-izleguvaat-nasmeani-i-ubavi-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Колку се високи македонските џебни Венери? Од Ноне Неделковска до Јелена Јованова и Викторија Лоба – кои македонски дами не...
Александра Шијакоска се венча со саканиот по 12 години врска, на денот на неговиот роденден Александра Шијакоска заблеска во елегантна бела венчаница на венчавката со сакан...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судни... Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg