Она што ќе го правите денес, ќе го правите цела година – Свети Игнат

Сигурни сме дека сте чуле од повозрасните, секој втори јануари ви велат – „внимавајте што ќе правите денес“.

ona-sto-ke-go-pravite-denes-ke-go-pravite-cela-godina-sveti-ignat-01.jpg

На втори јануари се празнува Свети Игнат, а се верува дека она што ќе го правите денес, ќе ви се случува во текот на целата година.

Во народното верување се смета дека на овој ден започнале породилните болки на Пресвета Богородица. Но, во преданието на Православната црква јасно е забележано дека Пресвета Богородица воопшто и немала породилни болки.

Во Македонија овој празник претставува еден од оние празници за кој постојат многу обичаи и суеверија.

Се смета дека сè што ќе се прави на овој ден, ќе ви се случува во текот на целата година.

ona-sto-ke-go-pravite-denes-ke-go-pravite-cela-godina-sveti-ignat-02.jpg

Од овој ден почнува да расте денот и почнуваат вистинските бадникови и божиќни обичаи и затоа во некои делови на Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник (прв гостин во домот).

За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Според народните верувања, каков ќе биде полазеникот, таква ќе биде и годината за семејството.

Во минатото постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.

Се верува дека на овој ден не е добро да позајмувате некому пари, за парите да не ви одат од куќата.

Направете нешто добро денес. Поминете го денот со саканите, уживајте во добро друштво, храна, музика, книга.

Нека ви тргне годината со убаво!

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...
Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...

Најчитани неделава