Скопје Сити Мол за 7 минути ги евакуираше сите посетители

Денешната дојава за подметната направа во просториите на најголемиот затворен трговски центар - Скопје Сити Мол, ги мобилизираше буквално сите вработени, вработените во продажните места и менаџментот со цел безбедно да ги евакуираат посетителите.

skopje-siti-mol-za-7-minuti-gi-evakuira-site-posetiteli-01.jpg

“Обемноста на објектот е голема, затоа поради ваков тип на случувања, Скопје Сити Мол во текот на годината организира претходно најавени вежби за евакуација, независно дали станува збор за вежби од карактер на подметнати направи, пожар или укажување на прва помош. На овој начин ги запазуваме сите светски стандарди за безбедност на трговски центри од затворен карактер, им благодариме на сите вработени со чија помош успеавме за неполни 7 минути да ги евакуираме сите.” – изјавија Скопје Сити Мол

Во евакуацијата учествуваа и припадниците на МВР – Скопје, Противпожарните Служби на Град Скопје и Прва помош.  

“Истрагата е во тек, а во јавноста ќе изнесеме официјална информација во текот на денот.” – додадоа од Скопје Сити Мол

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
„Прва пролетна прошетка“ - Дејан Манасков и сопругата со новородениот син уживаат во Битола Со капчиња во тон, Дејан Манасков и убавата Билјана Стојановска го шетаат својот...
8 места во Скопје каде може да пробате вкусни италијански сендвичи со фокача Локали специјализирани за фокача сендвичи по оригинален рецепт, пршутерии каде м...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава