Атиџе со Оскар во рацете би било победа за добрината, скромноста и човечноста

Си го повторив „Медена земја“ по втор пат. Го гледавме заедно со мојата едно и пол годишна ќерка која умно седеше и беше воодушевена од работите кои ѝ се познати: за неа Атиџе е баба (а, бабите и се омилени), имаше мало маче, „бабата плаче и пее“, деца викаат, многу „мууу“ кравички и мед.

atidze-so-oksar-vo-racete-bi-bilo-pobeda-na-dobrinata-skromnosta-i-covecnosta-01.jpg

Бев изненадена бидејќи „дете како дете – не седи мирно повеќе од 10 минути“, но еден час уживавме во приказната за медот заедно.

Атиџе е симбол на сето она што треба да биде секој од нас. Таа е силна, храбра, праведна.

Атиџе е вредна и исполнителна. Со големо, топло срце. Скромна душа.

Грижлива и трпелива.

Колку од овие карактеристики имате вие и луѓето околу вас?

Атиџе денес е на врвот на светот. Ние можеме само да сонуваме да се најдеме во Долби театарот.

Сакам Атиџе да блесне на сцената за да докажеме дека не секогаш се потребни „врски“ за да се добие нешто. Дека не секогаш политиката може да ги „замрси“ работите. Атиџе со Оскар во рацете би било доказ дека победила скромноста и човечноста.

Нејзината искрена насмевка и добрина го освојува светот.

Нејзината радост е бесценета.

Да бидеме сите „повеќе“ Атиџе – светот би бил поубаво место за живеење.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...

Најчитани неделава