НЛБ Банка со нови современи начини на плаќање во НЛБ мКлик - мобилното банкарство

НЛБ Банка од денеска за сите свои клиенти воведе нови начини на брзи плаќања во рамките на НЛБ мКлик - мобилното банкарство.

nlb-banka-so-novi-sovremeni-nachini-na-plakjanje-vo-nlb-01.jpg

Станува збор за две иновативни платежни решенија „Плати на пријател“ и „Подели сметка“ кои на клиентите им овозможуваат да префрлат средства или да поделат сметка со своите пријатели, едноставно само со избирање на контакт од нивниот телефонски именик.

„Како лидер во дигитализацијата на македонскиот пазар, постојано работиме на надградба на дигиталните канали и воведуваме современи, иновативни и технолошки напредни решенија. Со тоа Банката како стабилна институција која ужива висок степен на углед и доверба, користејќи го своето искуство и знаење, полека ги добива карактеристиките на финтек компанија. Со новите функционалности на клиентите им овозможуваме да го искусат најсовремениот начин на плаќање и притоа на брз и едноставен начин да префрлат пари на своите пријатели или со нив да ја поделат сметката само со бирање на телефонски број од нивниот именик. Сега, при секое излегување во град, шопинг, посета на кино или ресторан, или за каква било друга финансиска потреба, клиентите ќе можат да платат на пријател или да ја поделат сметката, а изјавите „не носам готовина“, „го заборавив паричникот, ќе ти вратам утре“ или „јас ќе платам сега, утре ти“, со НЛБ мКлик стануваат дел од минатото“ – изјави г-дин Антонио Аргир, Претседател на Управен одбор на НЛБ Банка.

Новите функционалности се во насока на подобрување на корисничкото искуство и имаат за цел да понудат нови, брзи и едноставни начини за плаќање, достапни во секое време. На овој начин мобилното банкарство полека го презема приматот на главен канал за извршување на сите банкарски трансакции.

НЛБ мКлик - мобилното банкарство за физички лица овозможува вршење на сите типови на трансакции, како и постојан увид во сите сметки на клиентите. Претставува основна апликација за комуникација меѓу Банката и клиентите и клиентите се во постојана интеракција со Банката преку различни нотификации за реализирани трансакции и приливи, пораки и известувањата. Апликацијата е достапна и може да се преземе на Google Play и Apple store.

Повеќе информации во врска со новите функционалности може да се добијат на следниот линк.

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...

Најчитани неделава