Скопје добива нова dm дрогерија! - Четврток 5 март, POINT RETAIL PARK

Драги читатели, со задоволство би сакале да Ве информираме дека континуираната експанзија на dm во Македонија продолжува!

skopje-dobiva-nova-dm-drogerija-chetvrtok-5-mart-point-retail-park-01.JPG

Во четврток, 5 март, во 10 часот наутро ќе се отворат вратите на новата dm дрогеријата во  новиот шопинг центар во Бутел,  POINT RETAIL PARK, Бул. Македонска Косовска Бригада бр.67

На денот на отворањето потрошувачите ќе можат да уживаат во пазарувањето со:

- до 50% попуст на одбрани парфеми (на што дополнително на каса се пресметува попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ)

- до 30% попуст на одредени шминки и подарок сетови (на што дополнително на каса се пресметува попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ)

- до 35% попуст на одредени производи за нега на лице (на што дополнително на каса се пресметува попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ)

….и уште многу други попусти и изненадувања!

15% попуст на АПСОЛУТНО СЀ, па и на веќе намалените производи

Сите попусти можете да ги погледнете на www.dm.mk/otvoranje

Покрај големите попусти кои ќе траат 4 дена (5.3 – 8.3.2020), на денот на отворањето, сите посетители ќе бидат пречекани во супер позитивна атмосфера за која ќе се погрижи DJ, како и бројни аниматори, кои ќе ги донесат омилените цртани херои на најмалечките во самата дрогерија, сликање со Photobooth, преку кој ќе го запаметиме сите ова големо отворање.

Општествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. На денот на отворањето, во период од 18 до 19 часот на касата во новата dm дрогерија, потрошувачите ќе бидат услужени од инфлуенсерката Анита Латифи, која со своето присуство несебично ќе даде придонес во нашата донацијата, која ќе биде насочена кон Заводот за рехабилитација на деца и младинци, Скопје.

Новиот продажен објект на dm ќе биде со вкупна површина од 355 m2, од кои 302,94 m2 продажен простор.

Работното време на оваа дрогерија ќе биде:

Понеделник до недела од 10 до 22 часот.

Со отворање на овој објект, dm во Македонија е присутен со 17 продажни објекти, од кои 12 во Скопје, по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Штип и Битола!

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Христијан од Куманово: „Ја однесов ќерка ми во ретро станот на прадедо ѝ, со милјеа и винтиџ работи,... „Малата Веда е на гости кај прадедо. Годината е 1979, Југославија (чувствуваме т...

Најчитани неделава