30 години Сити Колеџ, 30 години извонредност во образованието

За студентите кои се во потрага по врвен универзитет со квалитетни академски програми, одличен академски кадар, којшто нуди поддршка за вработување и можности за дипломираните студенти и, пред сè, збогатување на знаењето и способност да ја комбинираат теоријата со практиката, Сити Колеџот во Солун е најдобар избор веќе многу години.

30-godini-siti-koledz-30-godini-izvonrednost-vo-obrazovanieto-01.JPG

Сити Колеџ ја слави својата 30 годишнина, основан во Солун со мисија за одржување највисоки стандарди за квалитет како меѓународна установа за високо образование. Оттогаш, низ амфитеатрите на колеџот поминаа повеќе од 6.000 студенти од над 60 земји со единствена цел да го трансформираат својот живот преку учење и да го поддржат развојот на општествата и економиите низ целиот регион и пошироко.

Со оваа мисија, Сити Колеџ годинава слави 30 години промовирање на извонредност во образованието, едуцирајќи талентирани поединци да направат разлика во светот, како и 30 години еволуција, раст и експанзија низ Југоисточна Европа и пошироко, 30 години влијателни академски истражувања и прифаќање на интернационализацијата во образованието, 30 години придонесување кон општеството. Во текот на сите овие промени, посветеноста кон основната мисија остана иста.

Денес, Сити Колеџ е признаена и високо ценета образовна институција низ целиот регион и е една од најпопуларните студентски дестинации за идните студенти.

30-godini-siti-koledz-30-godini-izvonrednost-vo-obrazovanieto-02.JPG

Со својот главен кампус лоциран во Солун, Грција, колеџот се состои од четири академски оддели - Оддел за бизнис администрација и економија, Оддел за психологија, Оддел за компјутерски науки и Оддел за студии по англиски јазик - и нуди широк спектар на додипломски студии и постдипломски програми, вклучувајќи ја и престижната ЕМБА програма. Денес, освен во Солун, Сити Колеџ ги нуди своите  програми и на други локации низ Југоисточна и Источна Европа, како што сер Софија (Бугарија), Белград (Србија), Букурешт (Романија), Киев (Украина), Ереван (Ерменија), Тбилиси (Грузија) и Баку (Азербејџан) и постојано се шири, со посветеност на својата мисија.

Сити Колеџ е Меѓународен факултет при Универзитетот Шефилд. Проширувајќи ги хоризонтите, Сити Колеџ ја прифаќа интернационализацијата и им овозможува на своите студенти искуства за паметење, наставни планови и традиции стекнати од Британскиот универзитет. По успешното завршување на студиите, дипломираните студенти добиваат диплома од Универзитетот Шефилд.

Динамичното меѓународно опкружување на Сити Колеџ се состои од студенти и високо квалификувани академци од повеќе од 60 земји. Оваа уникатна мешавина додава уште повеќе на целокупното искуство на студентите во вистински меѓународен амбиент.

30-godini-siti-koledz-30-godini-izvonrednost-vo-obrazovanieto-03.JPG

Создадете ја сами вашата иднина, изберете универзитет кој ќе ви помогне да се истакнете и да ги исполните своите соништа.

Изберете извонредност, изберете го Сити Колеџ.

Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава