Извршна МБА програма од светски ранг на Сити Колеџот во Солун

МБА дипломата е одлична предност за лицата кои бараат кариера во светот на бизнисот, корисна е за сите оние кои се на позиции во бизнисот и менаџментот, а особено за професионалците кои имаат извршна и раководна позиција. Секако, изборот на вистинската МБА програма е клучната одлука.

izvrshna-mba-programa-od-svetski-rang-na-siti-koledzot-vo-solun-01.JPG

Сити Колеџот во Солун нуди уникатна образовна можност за денешните деловни лица и професионалци, извршната МБА програма од универзитет од светска класа. Оваа академска програма, освен во Солун, Факултетот ја нуди и на други локации низ Југоисточна и Источна Европа, како и во регионот Кавказ, согласно флексибилноста на професионалците и студентите од регионот. Извршната МБА е иновативна програма дизајнирана за денешните менаџери кои треба да ги подобрат своите вештини и знаења за професионален и личен напредок. Учесниците ги збогатуваат своите искуства и споделуваат најдобри практики со луѓе од други култури, земји и индустрии. Секоја година врвни менаџери од водечки компании од Југоисточна и Источна Европа се дел од оваа програма. Поради флексибилниот режим на предавања (за време на викенд, еднаш во месецот), деловните луѓе не треба да се откажат од својата позиција или да ги прекинат своите кариери за да студираат.

Голем број деловни професионалци од нашата држава со години ја избираат Извршната МБА програма во Солун како дел од нивната доквалификација. Денес тие се на врвни позиции во големи компании и организации во приватниот, како и во јавниот сектор, формирајќи силна заедница на дипломци.

izvrshna-mba-programa-od-svetski-rang-na-siti-koledzot-vo-solun-02.JPG

Студентите имаат можност да изберат и да се специјализираат во еден од шесте достапни смерови, МБА во генерален менаџмент, МБА во маркетинг, МБА во финансии, МБА во логистика, МБА во управување со здравството или МБА во управување со човечки ресурси.

Извршната МБА програма на Сити Колеџ е акредитирана од страна на Здружението на МБА (AMBA), од AACSB и од Овластениот институт за менаџмент (Chartered Management Institute). Програмата е, исто така акредитирана и признаена од страна на Британскиот совет за акредитација (BAC) и Националниот информативен центар за академско признавање (UK NARIC). Денес, извршната МБА се нуди во 8 различни земји - Солун (Грција), Софија (Бугарија), Белград (Србија), Букурешт (Романија), Баку (Азербејџан), Киев (Украина), Ереван (Ерменија) и Тбилиси (Грузија).

Извршната МБА програма на Сити Колеџ има сеопфатен пристап кон образованието, обезбедувајќи широко разбирање на деловните и менаџмент концептите, со силен фокус на формулирање и извршување на деловната стратегија.

Веќе дипломираните студенти на извршната програма добиваат МБА диплома од Универзитетот Шефилд и дополнително може да ја добијат престижната Диплома за стратешко управување и лидерство, ниво 7 од Овластениот институт за менаџмент (CMI), без дополнителни часови или испити.

izvrshna-mba-programa-od-svetski-rang-na-siti-koledzot-vo-solun-03.JPG

Борис Трајковски МБА програмата за стипендии која е ко-основана од Сити Колеџ и Владата на државата, веќе долги години им дава можност на кандидатите да студираат за МБА диплома од Универзитетот Шефилд во Солун, со цел промовирање и поддршка на извршното образование.

Повеќе информации за холистичкиот пристап на програмата се достапни на следниот линк.

Би можело да ве интересира:

Македонка со апел: „Не одете периодов во Солун, ни рекоа нема блокади на граница, а едвај поминавме“ „Инаку пред да тргнеме за Солун прашавме и ни кажаа дека ќе нема ограничување на...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Горан, преживеаниот гитарист на ДНК: „Таа вечер имаше посебна енергија, како да чувствувавме дека е ... „Поминаа 6 месеци од ноќта која што на сите ни ги промени животите... Не требаше...
Игор Џамбазов: „Си ја проверував спермата додека бев со Илина, имам понуди од жени да ми родат дете“ „Мажот ми вели: „Со кучиња ли живееш, бе? Камо деца, бе, да правиш?“ Какова...
Игор Џамбазов наполни 62 години: „На денешен ден почнав самостојно да дишам“ „Едвај чекам да видам што ќе напишеш кога ќе наполниш 69. Држ' се!“ - му порача ...
Психолог од Свети Николе со вирална објава: „Не ме малтретира, не ме понижува, само... Не го оправду... „'Не беше насилен, само понекогаш зборуваше построго', вели жена која се тресе с...

Најчитани неделава