Препораки за заштита на јавното здравје од Македонски Телеком

preporaki-za-zashtita-na-javnsto-zdravje-od-makedonski-telekom-01.JPG

Почитувани корисници,

Во интерес на јавното здравје, Македонски Телеком се придржува до препораките на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство и ги презема сите неопходни мерки за заштита на своите  вработени и корисниците, прилагодувајќи го работењето за да обезбеди непречена услуга.

Во услови на заострени мерки и активности за превенција од ширење на коронавирусот, им препорачуваме на нашите корисници да ги користат дигиталните канали за комуникација со нашата компанија, пред сè ТелекомМК апликацијата со која  може да се управува со услугите и да се врши електронско плаќање, како и нашата веб страница www.telekom.mk и каналите на социјалните медиуми.

Сите Телеком продавници работат, но со намален капацитет и можно е да се воведе скратено работно време заради заштита на вработените и корисниците, затоа апелираме да ја користиме технологијата и дигиталната комуникација за сите да се заштитиме од потенцијалниот ризик.

Тимовите за поддршка и справување со пречки и Контакт центарот обезбедуваат услуга, но со оглед на ситуацијата се работи со намален капацитет и постои можност од задоцнета интервенција во одредени услови, за што се надеваме на разбирање.

Континуирано ја следиме ситуацијата и препораките од надлежните институции и го прилагодуваме работењето во интерес на корисниците. За сите информации, следете ги нашите канали на социјалните медиуми.

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Миа Костова и Тијана Скулиќ си купија плацеви во Соње една до друга: „На здравје со сосетката“ Миа Костова си купи плац во Соње, а веднаш до неа и Тијана Скулиќ која вели: „На...
Жарко Димоски и Андреа прославија 5 години брак – тој ѝ подари прстен со 5 дијаманти, па имаа интере... „5 дијаманти за 5 години брак“ – напиша Андреа на фотката од подарокот од нејзин...

Најчитани неделава