НЛБ Банка со целосно бесплатно мобилно и електронско банкарство до 15-ти април

Во согласност со мерките на Владата за спречување на ширење на Корона вирусот, а со цел заштита на своите клиенти и вработени, НЛБ Банка во периодот до 15.04.2020 година на сите свои клиенти физички лица им овозможува бесплатно извршување на сите трансакции преку електронско и мобилно банкарство.

nlb-banka-so-celosno-besplatno-mobilno-i-elektronsko-bankarstvo-do-15-ti-april-01.jpg

Во овој период  клиентите ќе имаат можност да ги извршуваат сите банкарски трансакции од дома, директно преку мобилен телефон или комјутер, без провизија за електронски налог и без трошоци за месечен надомест за користење на НЛБ мКлик мобилната апликација.

НЛБ мКлик мобилното банкарство може самостојно да се активира со преземање на апликацијата на Google Play и Apple store. Со избирање на НЛБ Standard пакетот, клиентите можат директно преку својот мобилен телефон, самостојно да ги реализираат сите банкарски трансакции во денарскиот и девизниот платен промет, да уплатат рата за кредит и картичка, да ги платат сите режиски трошоци, како и да имаат увид на сите сметки и трансакции од кое било место, 24/7.

nlb-banka-so-celosno-besplatno-mobilno-i-elektronsko-bankarstvo-do-15-ti-april-02.jpg

НЛБ Банка  апелира до сите свои клиенти да се грижат за јавното здравје, да се заштитат себеси, а со тоа и да ги заштитат другите. Преку користење на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство сите трансакции можат да ги реализираат од својот дом, без потреба од посета на експозитура.

„Заедно можеме да ги надминеме сите предизвици, доколу одговорно се однесувме и ги почитуваме превентивните мерки. Останете во Вашиот дом, бидејќи домот е место каде се луѓето кои најмногу ни значат. Ние сме со Вас заедно за се што следи и сме достапни на социјалните мрежи, на веб страницата www.nlb.mk, и на телефонскиот број 02/15-600“. – изјавуваат од Банката.

Со почит,

НЛБ Банка

Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...

Најчитани неделава