Иновативно онлајн решение на Универзитет Американ Колеџ Скопје: Хибридна настава и квалитетно образование достапно до сите

Со оглед на новонастанатата ситуација во однос на ширењето и опасноста од вирусот Ковид-19 и имајќи го предвид прогласувањето пандемија на светско ниво, Универзитет Американ Колеџ Скопје ја известува јавноста дека пролетниот семестар на УАКС ќе се организира како хибридна настава.

inovativno-onlajn-reshenie-na-univerzitet-amerikan-koledz-skopje-01_630x340.jpg

Грижејќи се за семејството на УАКС - студентите, наставниот кадар и администрацијата, одлуката е донесена со претходна согласност од страна на Одборот за акредитација во САД.

Наставата на Универзитетот ќе се организира и регулира со примена на познатата видеоконференциска платформа WEBEX, што ја користат голем број светски универзитети. За оваа платформа, Универзитетот обезбеди соодветен број лиценци за сите студенти и професори.

Испитувањето и доставата на материјали за учење до студентите ќе се врши преку платформата Moodle. Универзитетот веќе подолго време ја користи оваа платформа, а за потребите на новонастанатата ситуација беше обезбедена подобрена верзија на Moodle, што вклучува и тестирање. Универзитетот исто така обезбеди и соодветен број лиценци и за професори, и за студенти.

Со надеж дека светската криза што поскоро ќе се надмине, УАКС останува посветен на потребите на студентите и нивното образование. Токму во вакви времиња неопходно е да се обезбеди што поквалитетно образование, со цел градење идни генерации кои успешно ќе се соочат со предизвиците на светот и времето што доаѓа.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава