Рамсторе Македонија: Водиме грижа максимално и навремено да ги задоволиме потребите и капацитетите на сите наши продавници

По повод денешната средба со Министерот за Економија Г-дин Крешник Бектеши, на која беа присутни сите преставници на поголемите маркети, Државниот инспекторат  како и најголемите дистрибутери на храна, најпрвин во мое име и во името на Рамсторе Македонија сакам да искажам голема благодарност до Министерот за Економија г-дин Бектеши и до сите присутни на денешниот работен состанок кој помина многу продуктивно истакна Ајхан Узун Генерален Директор на Рамсторе Македонија ДОО.

ramstore-makedonija-vodime-grizha-maksimalno-i-navemeno-da-gi-zadovolime-i-kapacitetite-na-site-nashi-prodavnici-01.jpg

Најнапред ставајќи акцент пред се на здравјето на нашите потрошувачи, вработени и сите граѓани на Р.Северна Македонија, сакам да ве известам дека водиме грижа максимално  и навремено да ги задоволиме потребите и капацитетите на сите наши продавници,  применувајки строги правила за безбедност во нашите маркети согласно препораките од Министерството за Здравство и Владата на Р.Северна Македонија.

Во моментов има доволно залихи во нашите продавници, а на денешната средба добивме потврда од нашите добавувачи дека нема никаков проблем со залихите. Цените на основните производи остануваат непроменети, а ќе се обидеме да ги држиме под контрола  залихите на сите неопходни намирници за подолг временски период.

Од тука сакаме да упатиме  порака до сите граѓани дека нема простор за паника во однос на залихите и услугите бидејки ситуацијата е под контрола, работиме координирано со почитување и применување на сите нови мерки предложени од Владата на Р.Северна Македонија .

Би можело да ве интересира:

Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...

Најчитани неделава