Халкбанк утре ќе ја исплати мартовската пензија

Халкбанк утре, 25.03 ќе изврши предвремена исплата на мартовската пензија за сите пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на сметка во Халкбанк АД Скопје.

halkbank-utre-kje-ja-isplati-martovskata-penzija-01.png

На овој начин пензионерите кои ја примаат пензијата преку банката утре ќе ги имаат пензиите на своја сметка и истите ќе може слободно да ги користат при пазарење со платежните картички, преку електронското банкарство или за подигање преку банкоматите, без провизии.

Од банката ги повикуваат своите пензионери, во нивен интерес и за нивна поголема заштита, овој период кога државата воведува низа мерки за спречување на ширење на корона вирусот, да се насочат кон плаќање со картичките и кон електронското банкарство, и да избегнуваат што е можно повеќе употреба на готовина и посета на филијали на банката.

Исто така, од Халкбанк посочуваат дека, во краен случај, за подигање готовина на располагање на корисниците им стојат банкоматите, оние лоцирани до филијалите што неколкупати во текот на денот се дезинфицираат. Од таму сепак препорачуваат при нивно користење да се применуваат пропишаните мерки за лична заштита.

Подигањето средства на шалтерите на филијалите ќе биде со почитување на правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен на број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...

Најчитани неделава