Оставете ги телефоните, ајде да цртаме!

Моќта на детската имагинацијата е неограничена и може да создаде сценарија на кои возрасните не би ни помислиле. Во моментите кога сите се дома и поголемиот дел од луѓето ги држат очите вперени кон телефоните и таблетите, децата треба да бидат поттикнати да креираат, да творат и да ја разбудат својата фантазија.

ostavete-gi-telefonite-i-ajde-da-crtam-01.jpg

За најмалите вљубеници во цртањето, Ладна организира детски ликовен конкурс на тема „Мојата омилена игра надвор“, на кој можат да се пријават мали сликари од 4 до 10-годишна возраст. Најдобрите дела ќе бидат наградени, а главната награда е тридневно патување во магичниот Дизниленд во Париз!

Модерното време на технологијата овозможува да го имаме целиот свет на дланка, со само еден допир на смартфонот, пристапувајќи преку интернет или преку социјалните мрежи. Детските игри сега се скоро целосно префрлени на компјутерите и телефоните, но сепак, не смееме да го затвориме детскиот ум во софтверот на телефонот! Баш напротив, треба да го охрабриме да размислува пошироко, да го создаде својот свет и да ги претвори неговите мисли во дела.

Ликовниот конкурс на тема „Мојата омилена игра надвор“ има за цел да ја поттикне креативноста кај децата и нивната омилена игра на отворено да ја претворат во уметничко дело нацртано на лист хартија. Цртежите, заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и телефонски број) треба да се испратат на адреса ул. 1732 бр. 2, 1000 Скопје, со назнака: „За Ладна ликовен конкурс“ или по електронски пат на е-маил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со наслов на пораката „За Ладна ликовен конкурс“, најдоцна до 6.5.2020. Натпреварувањето е поделено во две категории: 1) деца од 4 до 7 години и 2) деца од 7 до 10 години, а стручното жири ќе одбере по три најдобри цртежи од двете категории, од кои првонаградените ќе заминат на тридневно патување во Дизниленд, Париз!

Ладна Ви порачува #СедиДома периодов, биди креативен и цртај на тема „Мојата омилена игра надвор! Секогаш покрај себе имајте шише Ладна која е прва вода препорачана од Здружението на педијатрите на Македонија и е погодна за подготовка на храна за доенчиња.

Би можело да ве интересира:

„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од сакани... „Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и ни...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...

Најчитани неделава