Македонската естрада се обединува за Часот на планетата Земја!

СКОПЈЕ, 27.03.2020 – Во својата мисија, Часот на планетата Земја секогаш ја потенцирала моќта на луѓето, и затоа здравјето и благосостојбата на нашите поддржувачи секогаш биле на првото место.

makedonskata-estrada-se-obedinuva-za-chasot-na-planetata-zemja-01.jpg

Во овие тешки времиња, иако не можеме да се обединиме и испратиме порака од улиците, се уште можеме солидарно да се обединиме насекаде ширум светот, од нашите домови.Сега не е време да се откажеме, туку можност да реагираме уште покреативно!

На само еден ден до Часот на планетата Земја, канцеларијата на ова светско еколошко движење во Македонија најавува големо „онлајн“ дружење за време на едночасовниот еколошки мрак.

На повикот за солидарност и обединување се одзваа голем број на пејачи и инфлуенсери од македонската естрада, кои го прифатија нашиот еколошки предизвик на заедничка „онлајн“ дружба оваа сабота – да седиме дома и заеднички да ги исклучиме светилките во 20:30 часот.

Ги повикуваме граѓаните и сите наши поддржувачи да ни се приклучат на едноипол часовниот спектакл на нашиот инстаграм профил @earthhourmk, каде што ќе имаме можност заеднички да уживаме во настапите во мрак на нашите „Некст тајм“, ДНК, Антонија Гиговска, Иван Јованов, Огнен Здравковски, Теа Трајковска, а исто така ќе можеме да поразговараме и за климатските промени со Ване Марковски, Ирена Спировска, Татјана Алексиќ и многу други.

makedonskata-estrada-se-obedinuva-za-chasot-na-planetata-zemja-02.jpg

Воедно испраќаме и јавен апел до останатите естрадни личности да го прифатат нашиот еколошки предизвик и во овие моменти кога сите сме дома, да ни се приклучат кон испраќањето на силна порака за спас на планетата Земја.

„Инстаграм Лајв“ сесијата ќе започне во 20 часот, додека светилките ќе ги исклучиме во 20:30 часот.

Сега е време за почитување на правилата, време на солидарност, мора да си се чуваме едни со други, мора да направиме нашиот глас да биде слушнат за посигурна, почиста и поздрава иднина за нас и идните генерации.

Оваа година, Часот на планетата Земја ќе се одржи на 28 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 града во преку 180 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија.

Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата.

Би можело да ве интересира:

Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Нашиот фотограф BadStef во Кина на -30°С: „За 4 минути ми смрзнаа трепките“ „Ги извадив очилата за сонце само на 4 минути и трепките и веѓите веднаш ми смрз...
„Ти си мое сè, секогаш има некој покрај тебе принцу мој“ – Перо Антиќ и Ружица со емотивни објави за... За 13-тиот роденден на средниот син Павел, Ружица објави емотивно видео во кое п...
Последно збогум за Панчо од неговата наставничка во основно: „Замина нашиот Владе, а сите го чекавме... „Нека почива во мир, а ние ќе го носиме длабоко во срцата нашиот Владе, убав тој...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...

Најчитани неделава