Едноставни трикови како неделата да ја почнете со насмевка

Може да биде тешко да се вратите на работа по минатиот викенд во друштвото на фамилијата или пријателите, кога сте спиеле до доцна и сте правеле што сакате.

ednostavni-trikovi-kako-nedelata-da-ja-pochnete-so-nasmevka-01.jpg

Сепак, понеделникот не мора да биде депресивен само затоа што доаѓа по пријатен долг викенд. Понеделникот треба да се доживее како нов почеток, како шанса некои работи да се поправат. Еве неколку трикови како да уживате во понеделникот и да ја започнете неделата на вистински начин:

1. Направи план. Едноставно запишете на ливче хартија, мобилен телефон или на лап тоа што сакате да постигнете. Списокот може да биде краток или долг, може да биде хаотичен, но тоа не е важно. Во текот на неделата погледнете ги целите кои сте ги запишале и обидете се што е можно повеќе да се придржувате до списокот. Доколку исполните барем 50% од работите на списокот, ќе се почувствувате повеќе продуктивни и моќни.

2. Почнете од полесните задачи. По правењето на списокот, започнете со лесните задачи, нешто што можете брзо да направите и што ќе ви ја подигне самодовербата.

3. Смејте се. Дури и ако во моментот не ви е до смеење. Неодамнешните истражување покажуваат дека луѓето кои се смеат, дури и додека имаат релативно стресни активности, имаат понормален пулс и попниско ниво на стрес од оние со неутрален ил изагрижен израз на лицето. Насмевката ќе ве натера да се чувствувате подобро. Зошто не пробате веднаш?

4. Побарајте ги пријателите. Тоа може да биде некој со кој се слушате и гледате често, но зошто и да не биде некој од оние стари пријатели со кои може и да не се слушнете и по неколку месеци, а во вашиот однос ништо да не се промени. Разговорите со таквите пријатели обично завршуваат со насмевка на вашето лице.

5. Бидете љубезни. Студиите покажуваат дека љубезноста ослободува од стрес. Пуштете некој пред вас на каса во продавница или во сообраќајот, придржете им врата на комшиите во зграда, поделете комплимент на некој странец. Вакви работи го поправаат не само Вашето расположение, туку и на другите.

6. Забавувајте се. Што ако ви кажеме дека покрај забавата, можете и добро да заработите? Уште една работа која ќе донесе насмевка на вашето лице е HAPPY MONDAY акцијата. За што се работи? Имате кориснички налог во Моцарт? Вистинско време е да го проверите, бидејќи секој понеделник, Моцарт има КЕШ ИЗНЕНАДУВАЊЕ за вас.

Би можело да ве интересира:

Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
„Го дочекав моментот фонтаната Лотос пак да работи, ми се врати времето назад. Скопје расцутено, уба... „И после толку години, го видов моментот кога Лотосот пак работи. Мала работа, а...

Најчитани неделава