Цедевита го поддржува апелот #ОстаниДома

Еден од нашите омилени домашни брендови, Цедевита преку слоганите #останидома #останиЦЕ ги повикува граѓаните од удобноста на својот дом го задржат позитивниот дух.

cedevita-go-poddrzhuva-apelot-ostani-doma-01.jpg

Цедевита минатата година лансираше нова креативна платформа „Вкусот на генерацијата ЦE“, која многу брзо доби бројни позитивни коментари и реакции низ целиот регион.

Да се потсетиме, Генерацијата ЦE е првата генерација што не се идентификува преку годините на раѓање, туку преку состојбата на духот и заедничкиот систем на вредности. Негува позитивен дух и креативност, не робува на предрасуди, туку ја поврзуваат различности и силата на заедницата.

Карактеристиките на Генерацијата ЦЕ доаѓаат до израз во тековната ситуација, кога без оглед на физичката дистанца, треба да бидеме едни до други, градејќи ја силата на заедницата, но и оптимизмот што во овој моментот ни е повеќе од потребен.

Заедништво на генерацијата во тешки моменти

Со цел дополнително да ја негуваме солидарноста и да ја подигнеме свеста на сите околу нас, Цедевита развива слоган #останиЦЕ кој со апелот да се заштитиме себеси и другите останувајќи во своите домови, има дополнителна порака.

Порака која поттикнува физичка изолација, но не и емоционална. Цедевита нагласува дека треба да останеме оптимисти и да продолжиме да шириме нова доза на позитивна енергија, поддршка и взаемно почитување. Исто така, истакнува дека имаме можност да ја стимулираме креативноста, да научиме нови работи, како и да им помагаме на оние на кои им е потребно. И на крај, но не помалку важно, имаме можност да го разубавиме денот со своите сакани и да ги освежиме насмевките на другите - без разлика каде се наоѓаат.

Затоа, поттикнете ја солидарноста, одржувајте оптимизам, #останидома и #останиЦЕ.

Би можело да ве интересира:

Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Јелена Јованова прослави 10 години во брак, Лара Иванова го покажа дечкото: Што прават нашите ѕвезди... Бока Конга сподели неколку фотки од плажа и го покажа мускулестото тело, а фотог...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Ана Стојанова се огласи од болница во Грција: „Имав напад на слепо црево и ме задржаа“ „Ми дадоа инфузија, јас спремна да одам, ми викаат да ти го провериме стомакот, ...

Најчитани неделава