Виножито од детски рачиња во знак на поддршка и прифаќање на лицата со аутизам (фото)

Денес е „Светски ден на свесноста за аутизмот“. Во знак на поддршка на децата со аутизам, Даниела Хок, ни раскажа малку повеќе за тематскиот предизвик „Шаренила од бои“.

vinozito-od-detski-racinja-vo-znak-na-poddrska-i-prifakanje-ne-licata-so-autizam-foto-01.jpg

„Уште додека се договаравме за тоа како би го организирале нашиот креативен предизвик, едногласно се одлучивме дека во самите предизвици ќе посветуваме теми коишто се посветени за поддигнување на јавната свест, теми што ќе ја поттикнат емпатијата кај децата и секако од мали ќе им овозможиме низ едноставен и очигледен приказ да разберат некоја работа и за истата да создадат своја претстава.

Во #dabidemekreativnipredizvik се решивме да го посветиме нашето внимание на тема аутизам, затоа што 2-ри април е „Светски ден на свесноста за аутизмот“.

Преку истата сакаме да ги поттикнеме родителите да разговараат со своите деца за прифаќањето на различностите и почитувањето на потребите на децата со аутистичен спектар на нарушување.

Решивме истата да ја прилагодиме, според потребите на децата, во која тие ќе земат активно учество и одблиску ќе се запознаат со оваа состојба.

Во знак за поддршка, нашата тема „Шаренила од бои“ е посветена токму на сите дечиња со аутистичен спектар на нарушување, во која преку изработката на шаренолики активности и најразлични изработки, социјалните мрежи ќе ги преплавиме со шаренила од бои, кои и тоа како се потребни во овие сиви денови.

Од друга страна пак, децата како учесници, учат да ја поттикнат својата емпатија, да ги прифатат сите дечиња, без разлика на нивните потреби и разлики. Боите се синоним за тоа дека секое дете зрачи во својата омилена боја, а сите заедно во нашиот свет рефлектираат шаренила од бои.

vinozito-od-detski-racinja-vo-znak-na-poddrska-i-prifakanje-ne-licata-so-autizam-foto-02.jpg

Деновиве, заради околностите сите сме приморани социјално да се дистанцираме од другите. Некогаш, пред  да настане оваа ситуација, можеби и бечувствително, сме го практикувале истото, тогаш кога пред нас некое лице ќе пројави несоодветно однесување.

Тешко ни паѓа кога мораме да седиме дома, без да остваруваме социјални контакти со средината во која живееме, но можете ли да замислите дека такво социјално дистанцирање дечињата со аутизам и нивните родителите почувствувале секој пат, кога нивното дете го гледаат сите чудно од страна, кога детето не е покането на роденден, кога тоа е виновно и им пречи на другите деца кога ниедно дете не сака да сподели ништо со него на училиште...

Да, нашето социјално дистанцирање ќе заврши, но се надеваме дека од истото ќе ја научите лекцијата, дека некој секојдневно е отфрлен од наша страна, неприфатен и дека конечно ќе научиме да ги почитуваме разликите, затоа што секој еден е важен и во нашиот шарен свет треба да има простор за секоја единка.

Би сакале да им се заблагодариме и на сите родители кои несебично ја поддржаа нашата иницијатива и заедно дома со своите дечиња ги обоија рачињата, во знак на поддршка и прифаќање на дечињата со аутизам.

Им се заблагодаруваме на: Стефани, Миодраг, Андреј, Матеа, Тео, Ана Марија, Лука, Рајан, Немања, Андреј, Андреј, Лејла, Константина, Данило, Ведран, Елизабет, Тиана и Џана, што го направија ова виножито, кое се надеваме дека ќе биде слушнато од сите Вас!“

СЛУШНИ ГО ШАРЕНИЛОТО! ГЛЕДАЈ МЕ КАКО НАЈУБАВА И НАЈСЈАЈНА БОЈА, ЗАТОА ШТО СИТЕ ЗАЕДНО ГО ПРАВИМЕ СВЕТОТ УБАВ И ШАРЕН.

Би можело да ве интересира:

Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
Нашиот фотограф BadStef во Кина на -30°С: „За 4 минути ми смрзнаа трепките“ „Ги извадив очилата за сонце само на 4 минути и трепките и веѓите веднаш ми смрз...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...

Најчитани неделава