A1 Македонија за припејд корисниците на мобилната телефонија: Онлајн надополнување на кредитот и неограничено сурфање на омилените социјални мрежи со А1 Go Social

Скопје, 02 април 2020г. – A1 Македонија оди чекор повеќе во понудата за припејд корисниците на мобилната телефонија, кои сега, додека се дома, можат да ја надополнат својата сметка на уште поедноставен начин, преку апликацијата Мојот А1.

a1-makedonija-za-pripejd-korisnicite-na-mobilnata-telefonija-02_630x340.png

Со едноставно надополнување на кредит онлајн, со кој било износ преку апликацијата Мојот А1, преку постпејд број или преку веб-страницата www.A1.mk/nadopolni-kredit, корисниците добиваат бесплатен A1 Go Social неделен пакет.

Имено, со секое онлајн надополнување на припејд кредит, преку апликацијата Мојот А1, преку веб-страницата www.A1.mk/nadopolni-kredit или преку постпејд, A1 припејд корисниците бесплатно ќе го добијат неделниот пакет A1 Go Social со кој ќе можат неограничено да сурфаат на омилените социјални мрежи како што се Facebook, Instagram, TikTok, FB Messenger, Snapchat и WhatsApp, без да трошат дополнителен интернет.

Бесплатниот пакет A1 Go Social важи од моментот на извршеното онлајн надополнување на припејд сметката и трае во наредните 7 дена.

Доколку корисникот во промотивниот период добил бесплатен A1 Go Social пакет и притоа направи ново онлајн надополнување пред целосно да го искористи постоечкиот пакет во рок од 7 дена, ќе му биде доделен нов бесплатен А1 Go Social пакет со важност во наредните 7 дена.

Со оваа понуда, А1 Македонија ја потврдува својата заложба за креирање понуди прилагодени за потребите на секој корисник, овозможувајќи најдобра вредност, врвно корисничко искуство, неограничена комуникација и многу забава, сега кога е најважно да останеме дома за да го заштитиме нашето здравје.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

a1-makedonija-za-pripejd-korisnicite-na-mobilnata-telefonija-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Пејачот Драган Темелков Џони си го зеде бебето дома на Велики петок - стана татко пред Велигден „Господи, во денот на страдањето на Исус Христос, Ти ни подари најголема радост ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Кирил Колемишевски по 4 години во Канада: „Живеам во предградие на Торонто, животот тука не е ниту л... „Денес повеќе не се ни прашувам каде ми е „дома“. „Дома“ е кога појадувам со ќер...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...

Најчитани неделава