Финансиска донација за Министерствoто за здравство од маркетерите на Lyconet

 Во ситуација кога државата се справува со еден од најтешките предизвици досега, независните маркетери на Lyconet (Лајконет) во Македонија одлучија да се солидаризираат со здравствените работници во борбата против коронавирусот со тоа што доброволно донираа дел од својата месечна заработка, односно вкупно 10.000 евра за потребите на Министерството за здравство.

finansiska-donacija-za-ministerstvoto-za-zdravstvo-od-marketerite-na-lyconet-01.jpg

Овие средства се префрлени на сметката на Министерството за здравство како своевидна поддршка на активностите кои се во насока на поефикасно и побрзо справување со епидемијата предизвикана од коронавирусот.

Идејата e покрената и реализирана од страна на независните маркетери на Lyconet, и со овој чекор, маркетерите ја изразуваат својата граѓанска одговорност, а се одлучија за овој хуман гест, бидејќи според нив, Министерството за здравство и борците во белите мантили се главниот столб од кои зависат животите на сите нас.

Инаку, Lyconet како бренд, кој се занимава со мрежен маркетинг, е основан во 2014 година, а моментално брои повеќе од 1.000 активни независки маркетери само во нашата држава. Лајконет Македонија ДООЕЛ Скопје е членка на Lyconet Групацијата чие главно седиште се наоѓа во Виена, Австрија.

Оваа меѓународна компанија е активна на 49 пазари ширум светот, како глобална платформа за водење на сопствена лојална програма. Lyconet брои околу 350.000 маркетери, физички и правни лица, кои работат како независни агенти, кои користејќи го мрежниот маркетинг како канал и начин за промовирање и продавање на производи, напредуваат во својата кариера.

Воедно Lyconet маркетерите се и дел од продажната сила, како и составен дел од маркетинг стратегијата, на компанијата myWorld Македонија (мајВорлд), како и амбасадори на нејзиниот бренд - Cashback World (Кешбек Ворлд).

Маректерите на Lyconet ја користат оваа прилика, на сите здравствени работници да им посакаат добро здравје и што побрзо справување со пандемијата на коронавирус, а на граѓаните на државата им порачуваат да останат дома и да ги следат препораките на надлежните институции.

Би можело да ве интересира:

Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната п...
Дечкото од Сомалија, што живееше во Македонија и направи свадба во Охрид, стана татко: „Го добив Идр... „Бев отсутен по свадбата во Македонија од најубавата можна причина. Некои од вас...
Драган од Радовиш: „Поминаа 10 години откако дојдов во Шведска - знаев само 5-6 Македонци, но држава... „Денес... 10 години откако дојдов во Шведска. Искрено… поминаа како 10 дена. По ...
Не е Норвешка. Не е Алјаска. Не се Доломитите – Македонија е (фото) „Нè пречека густа магла што ги бришеше видиците и ги криеше патеките. Чекоревме ...
Дечко од Скопје ја запроси саканата од Казахстан во Германија: „Мајка му го скрила прстенот во мојот... „Пред да заминам, неговата мајка тајно го ставила во мојот куфер. Несвесно го но...
Каролина со носталгија се сети на својата прва насловна: „Имав неполни 13 години, ме сликаа во куќат... „Мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива“, напиша Каролина ...

Најчитани неделава