Нови регионални благајни на Државна лотарија за исплата на добивки над 5.000 денари

Скопје (18.4.2020 г.) – Државна лотарија, со цел да одговори на барањата на играчите, отвора нови регионални благајни за исплата на добивки од игрите на среќа Лото7, Џокер и инстант лотарија, во вредност над 5 000 денари.

novi-regionalni-blagajni-na-drzhavna-lotarija-za-isplata-na-dobivki-nad-5000-denari-01.png

Во мапата на благајни на Државна лотарија, покрај двете благајни во Скопје и благајната во Кочани, се впишуваат Неготино и Кичево кои  ќе функционираат како уплатно-исплатни места, односно, како регионални благајни 2 дена во неделата

- вторник и четврток во период од 10.00 до 13.00 часот во:

Неготино ул. „Партизанска“, бр 2 (во центар на градот)

Кичево бул. „Ослободување“ бр 32 ( на главна улица)

Со оглед на вонредната состојба во државата, отворени се и благајни од времен карактер во Битола и Струмица., кадешто во соработка со деловни соработници, Државна лотарија ќе врши исплата на добивките од игрите на среќа еднаш неделно

среда од 10:00 до 13:00 часот во:

Битола, продажно место „ВАГАБОНТ“,ул: „Широк сокак“ бр.51

Струмица, продажно место „КРЕЧЕВИ“, бул. „Маршал Тито“ бб (до Тинекс маркет),  

Целта на отворање регионални благајни е да се излезе во пресрет на играчите ширум земјата, да се намалат нивните трошоци за подигање на добивките а да се зголеми задоволство од учеството во игрите на среќа на Државна лотарија. Играчите кои оствариле добивка на игрите на среќа коишто ги приредува Државна лотарија: Лото 7, Џокер и Инстант лотарија, во износ и над 5.000 денари, за исплата на добивката веќе не мора да доаѓаат само на благајната во Скопје, од сега ќе може да се обратат и во регионалните благајни во Кочани, Неготино, Кичево, како и Струмица и Битола.

Благајните на Државна лотарија во Кочани и Скопје (МТВ и Буњаковец), се отворени секој работен ден, од 10 - 14:00 ч. 

novi-regionalni-blagajni-na-drzhavna-lotarija-za-isplata-na-dobivki-nad-5000-denari-02.jpg

Дополнителни информации, на броевите на  контакт центарот: 02 323 7777 и вибер бројот 076 313 052, секој работен ден работи од  9 - 14.00, на www.loto.mk и социјалните медиуми на Државна лотарија.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Тамара ја изгуби косата во пожарот во Кочани: „Кога се вратив од болница изгледот ми беше променет, ... Тамара од Кочани, за CRNOBELO.com искрено вели: „По пожарот ја изгубив косата, и...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Моќна порака од наш психолог: „Мислиме среќа е Малдиви и нов автомобил - Среќа е: ‘Не е малигно / Ма... Што мислиме дека е среќа? „Честито нов автомобил“, „Купивме стан“, „Ќе одиме на ...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...

Најчитани неделава