Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


На децата не можеме да им одговориме утре - нивното име е денес

Федерацијата на училишен спорт на Македонија е една од најмасовните спортски организации која постои од 1964 година која постепено се зацврстува и шири сè повеќе со над 200 активни училишни спортски клубови во сите градови, здружени во над 30 општински сојузи на училишен спорт.

na-decata-ne-mozheme-da-im-odgovorime-utre-nivnoto-ime-e-denes-01.jpg

Нашата главна мисија е што повеќе ученици од основните и средните училишта да се вклучат во спорт и спортски активности како би имале нови генерации младина која е психо-физички здрава и мотивирана. 

Неодамна, поттикнати од Светската Федерација на училишен спорт (ISF) ФУСМ се придружи и започна кампања за вежбање дома. Професори и тренери од сите градови од државата се придружија и снимаат видеа со вежби кои може сите да ги правиме дома заедно со нашите деца. На наше огромно задоволство во кампањата „Да бидеме активни – вежбај дома“ учествуваат и ученици и млади спортисти кои се мотивирани и се подготвуваат за државни првенства и покрај новонастанатата ситуација и неможност да се вратат во спортските сали.

Светската здравствена организација постојано дава препораки да бидеме физички активни, особено сега кога се соочуваме со пандемија. Физичката активност може да биде многу убава и забавна, како за децата, така и за возрасните. Освен насоки и вежби кои може да се разликуваат во секој спорт, важно е да нагласиме дека физичка активност е и пешачењето, возење велосипед, танцувањето,  па и чистењето на домот и градинарство. Секој од нас може да ја пронајде најдобрата физичка активност која е во склад со потребите на телото.

Кои се бенефитите на физичката активност?

- помага во развој и одржување на моториката (сила, брзина, издржливост, координација, рамнотежа, прецизност и др.);

- ги зацврснува коските и зглобовите;

- го забавува стареењето;

- го подобрува имунитетот;

- го подобрува изгледот на кожата;

- ја намалува психичката тензија;

- помага во справување со стрес, анксиозност и депресија;

- помага во превенција од развој на деменција;

- целокупно подобрување на психо-физичкото здравје; 

- ја зголемува самодовербата;

- го намалува крвниот притисок;

- помага во одржување на оптимална телесна тежина;

- го намалува ризикот од срцеви заболувања и дијабет;

- го поддржува правилниот развој кај децата и придонесува за намален ризик од деформитети и болести во иднина;

- ја подобрува когнитивната функција кај децата, како на пример помнењето, и тие имаат подобри училишни резултати.

Секако, постојат уште многу други бенефити од физичката активност кои веруваме дека секој од нас ги знае и затоа е значајно да бидеме активни постојано, а најмногу во овие тешки моменти за целиот свет.

Ве повикуваме сите да се придружите на кампањата на ФУСМ и да бидеме активни иако сме дома. Да се грижиме за нашето здравје и за здравјето на другите. Но, најмногу од сè, да се грижиме за здравјето на нашите деца. 

Доколку сакате да се снимите како вежбате во домашни услови и да мотивирате некој друг, можете да ни испратите видео во порака на нашите Фејзбук или Инстаграм профили, како и на нашата официјална е –маил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

,,Можеби сме виновни за многу грешки и пропусти, но наш најголем злочин е што сме ги занемариле децата кои се основа на животот. Многу работи кои ни се потребни можат да чекаат. Децата не можат да чекаат. Во овој момент ним им се формираат коските, крвта, им се развива мозокот.

Ним не можеме да им одговориме УТРЕ. Нивното име е ДЕНЕС!" - Габриела Мистрал, СЗО, 1948 година

Учењето може да почека, но здравјето не, а родителите и професорите се најдобриот пример за децата да научат како да се грижат за себе!

/

/

/

/

/

/

/

Кога ќе се соединат образованието, спортот и децата се добива најмоќното оружје кое може да го промени светот

na-decata-ne-mozheme-da-im-odgovorime-utre-nivnoto-ime-e-denes-02.jpg

Учениците од ООУ Страшо Пинџур од с.Мало Коњари, Прилеп со една убава порака за сите нас!

na-decata-ne-mozheme-da-im-odgovorime-utre-nivnoto-ime-e-denes-03.jpg

Facebook: https://www.facebook.com/fusmak/

Instagram: https://www.instagram.com/school_sport_federation_mk/

Би можело да ве интересира:

Андреј и Панчо среде улица пеат со група пензионерки: „Нè сретнаа во населбата Илинден, да се има ба... „Денес, снимајќи видео за ДНК, случајно се сретнавме со група пензионерки кои нè...
Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Тијана Дапчевиќ го сподели најголемиот гаф на внукот Дарен, чија сестра Хана денес полни 9 години „Седиме, фамилијарен ручек и Тамара отиде со Хана до надвор да го прошетаат Тоби...
Денис, соработник на ДНК: „Ах бе, браќа мои, срцето ми се корне - корупцијата ми ја зема фамилијата“ „Срцето ми се корне, душа не остана. Андрејчо мој, постар брат, татко. Никогаш н...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg