Fitch Rating повторно го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка на “БББ-“

Меѓународната рејтинг агенција “Fitch Ratings” и оваа година го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на ПроКредит Банка АД Скопје на “БББ-“ со стабилен изглед. Потврда за кредитниот рејтинг доби и мајка команијата ПроКредит Холдинг и уште 5 банки од ПроКредит групацијата.

fitch-rating-povtorno-go-potvrdi-kreditniot-rejting-na-prokredit-banka-na-bbb-01.jpg

Потврдување на кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка АД Скопје на 'БББ-’ е резултат на позитивните бизнис резултати од работењето на банката, меѓу кои едно од позначајните е високо квалитетно кредитно портфолио сo стапка на нефункционални кредити за неколку пати подобра од нивото на банкарски сектор во земјата, стабилното депозитно портфолио, стабилната стапка на кредити во однос на депозити и високата ликвидност.

Дополнително значење за потврда на рејтингот на ПроКредит Банка АД Скопје има и поддршката од акционерите, пред се поддршката која ПроКредит Банка АД Скопје ја добива од единствениот акционер ПроКредит Холдинг, со седиште во Фракфурт Германија, а потоа и поддршката која ПроКредит Холдинг ја добива од своите акционери: KfW (Германска Банка за поддршка и развој), IFC (Меѓународна финансиска корпорација, сестра компанија на Светска Банка) и DOEN Фондацијата. Покрај веќе споменатите акционери ПроКредит групацијата добива долгорочна поддршка и од клучните акционери Zeitinger Invest и ProCredit Staff Invest кои имаат и стратешка контрола врз работењето на групацијата.

Fitch Rating потенцира дека големо значење за стабилноста на кредитниот рејтинг на ПроКредит Банките имаат и мерките за намалување на ризикот кој постои од работа во земји во развој. Предностна на ПроКредит е уникатната корпоративна култура имплементирана во сите ПроКредит Банки, високи етички стандарди и истиот фокус на работење - високо квалитетна услуга за мали и средни претпријатија кои придонесуваат за развој на локалните економии.

ПроКредит Банка АД Скопје е првата банка во С.Македонија која на годишна основа е оценувана од меѓународната кредитна агенција Fitch Ratings уште од 2005 година, а кредитниот рејтинг “БББ-“ е највисокиот рејтинг што финансиска интитуција може да го добие во нашата земја.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...

Најчитани неделава