Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Онлајн играч на Лото 7, доби 6-ка вредна над 5 000 евра

Скопје, 28 април 2020 година - Најголемата добивка од претходното коло Лото 7, во вредност од 348.297,50 денари, е 6-ка од одиграна комбинација преку онлајн платформата на Државна лотарија.

onlajn-igrach-na-loto-7-dobi-6-ka-vredna-5000-evra-03.jpg

Извлекувањето од коло 33 се реализираше на 25 април, во сабота. Добитникот, со иницијали Р.Т верува во среќата, има 31 година, живее и работи во Гевгелија и станал онлајн учесник во игрите на среќа со оглед на новонастанатата ситуација.

Нашиот онлајн добитник, во саботата, од удобноста на својот дом во Гевгелија, во 13.27 часот, ги уплатил и одиграл своите 8 комбинации Лото 7, а вечерта го следел тв извлекувањето. Кога беа извлечени броеви 3, 5, 6, 7, 25, 31 и, 36, не можел дa верува дека на екранот ги видел наредени сите броеви од вториот до седмиот од својата прва одиграна комбинација, сите освен првиот којшто го оддели од 7-ка.

Иако не ни ја откри симболиката на броевите, Р.Т. во телефонскиот разговор, ни соопшти дека редовно ги игра токму овие броеви затоа што имаат огромно значење за него.

Од уплатениот депозит за игра, во вредност од 300 денари, одиграл 160 денари и за таа сума доби 348.297,50 денари или над 5 000 евра. По средствата нема да доаѓа на ниту една од благајните на Државна лотарија, што е една од најголемите предности на онлајн играњето Лото 7 и Џокер.

Во телефонскиот разговор, сподели со нас дека е редовен лото играч, но поволноста за онлајн учество во Лото 7 и Џокер, решил да ја користи согласно ситуацијата. Досега имал помали добивки, најмногу од играта на среќа Џокер, коишто ги користел за понатамошна игра, но ова е првата добивка којашто преку корисничкиот профил ќе си ја префрли на трансакциска сметка.

Р.Т од Гевгелија е првиот онлајн учесник на игрите на среќа на Државна лотарија, којшто освои поголема добивка. Иако Државна лотарија ја овозможи услугата за онлајн уплата и учество во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, уште во октомври минатата година, токму во сегашни услови се гледа дека е повеќе од добредојдена. Нашиот најнов добитник упати бројни позитивни коментари за практичноста и едноставноста на онлајн уплатата и учеството во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, истакнувајќи ја предноста што може да се игра од дома (место во вакви времиња да оди на продажно место). Како најголема предност ја издвои брзата исплата на средства.

Никогаш не размислувал каде би ги потрошил парите доколку му се падне 7-ката, иако прв пат среќата го донела толку близу до неа, но сепак оваа добивка би ја искористил за патување кое одамна го посакувал, секако откако ќе се среди ситуацијава.

Честитајќи му на Р.Т. од Гевгелија, потсетуваме на предностите за онлајн учество во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, како и на актуелната кампања „300 + 100“.

Повеќе информации на нашите социјални медиуми, на броевите на центарот 02 323 7777 и вибер бројот 076 313 052 и на www.loto.mk

onlajn-igrach-na-loto-7-dobi-6-ka-vredna-5000-evra-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Сара Мејс и синчето Кирил лежат во болница во Козле – „Мајка мора сè да направи за да го задржи дете... „Кирил е конечно малку подобар, ќе одморам и јас троа“ – напиша Сара Мејс, откак...
Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg