Прославите се откажани, но матурантите од Битола се креативни – направија матурска песна во карантин (видео)

Во време кога сите матурски прослави се откажани заради пандемијата предизвикана од коронавирусот, матурантите од СОУ „Јосип Броз - Тито“ од Битола, ја покажаа својата креативност преку едно интересно видео, кое ќе ја одбележи нивната матура.

proslavite-se-otkazhani-no-maturantite-od-bitola-se-kreativni-napravija-maturska-pesna-od-izolacija-video-01.jpg

Тие предизвикани од битолската продукција Дрим Каст, во домашни услови снимаа видео со своите мобилни, каде задача им беше да кажат по еден збор кој случајно ќе им текне на памет.

Матурантите иако сами се снимаа до самиот крај не знаеа што ги очекува. Дрим Каст во соработка со Гимел студио од Битола, ги искористија нивните видеа за да создадат кавер на популарната песна од Billie Eilish - Bad Guy.

Освен зборови, матурантите снимаа и звуци од секакви предмети што им беа на дофат, а со тоа се дополни и аранжманот на самата песна.

И како што објавувајќи го ова видео напишаа од Дрим Каст продукција „Покрај ситуацијата со коронавирусот, во домашни услови, успеавме да снимиме една „наша“ песна која со случајно нафрлени зборови снимени во кратки видеа со мобилен телефон, малку „Cubase“ и малку „Adobe Premiere“ звучи вака:“

Би можело да ве интересира:

„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Дарио од Битола ја запроси Мишела на -28°С на Пелистер: „Организирал сè од Германија - ме воодушеви“ „Бев шокирана кога ми рече дека ме сака и сака да го помине остатокот од животот...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...

Најчитани неделава