Инфективната клиника доби донација од Црвениот крст обезбедена од Фондацијата на Coca-Cola и Пивара Скопје

Скопје, 08.05.2020 - Клиниката за инфективни болести во Скопје ги доби неопходните материјали кои како донација ги обезбедија и Фондацијата на Coca-Cola компанијата и Пивара Скопје, а се реализираат преку Црвениот крст.

infektivnata-klinika-dobi-donacija-od-crveniot-krst-obezbedena-od-fondacijata-na-coca-cola-i-pivara-skopje-01.jpg

Примопредавањето на оваа донација е дел од активностите со кои годинава, под мотото „Сите сме црвени“, се одбележува 8. Мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Црвена полумесечина. Истиот ден воедно е и роденден на Coca-Cola.

„Денешната донација кон Клиниката за инфективни болести во услови на зголемена фреквенција на пациенти е само уште еден позитивен пример за солидарност, општествена одговорност и поттик за меѓусебна помош и поддршка во услови на пандемија. Особено сме им благодарни на Фондацијата на Coca-Cola и Пивара Скопје за финансиските средства што ги обезбедија за реализација на оваа активност на Црвениот крст“, изјави Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвен крст на Град Скопје.

infektivnata-klinika-dobi-donacija-od-crveniot-krst-obezbedena-od-fondacijata-na-coca-cola-i-pivara-skopje-02.jpg

Донираните материјали за Инфективната клиника се дел од листата на приоритетни потреби на Министерството за здравство во борбата со пандемијата на Ковид-19.

„Како интегрален дел од оваа заедница, ние во Пивара Скопје сме горди што имаме можност да помогнеме тогаш кога тоа е потребно. Тоа е дел од нашата компаниска култура, на нашите вредности и на нашето општествено одговорно делување, кое е насочено кон потребите и интересите на заедницата, на луѓето што ја сочинуваат и на целата земја. Од големо значење е и поддршката од групациите Coca-Cola HBC и HEINEKEN каде припаѓа нашата компанија. Во оваа прилика, сакам да им упатам голема благодарност на сите вработени и волонтери на Црвениот крст за нивната огромна посветеност и работа, а воедно би сакал посебна благодарност да упатам и до целокупниот медицински персонал кој се грижи за здравјето на пациентите со Ковид-19“, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје.

infektivnata-klinika-dobi-donacija-od-crveniot-krst-obezbedena-od-fondacijata-na-coca-cola-i-pivara-skopje-03.jpg

Голема благодарност за донацијата и целокупната поддршка што ја добива Клиниката за инфективни болести во справувањето со здравствените предизвици од пандемијата искажа организацискиот директор на клиниката, д-р Мирјана Пехчевска Поп-Илиев.

„За нас оваа донација преставува гест на подадена рака, но и поттик за уште поуспешна работа и храбро и посветено да го издржиме целиот овој тежок период. Клиниката за инфективни болести била секогаш на првата борбена линија кога станува збор за кризни ситуации. И во оваа ситуација, како и секогаш претходно, сите ние го даваме максимумот во борбата и справувањето со истата. Овие кризни времиња ни даваат можност дополнително да си помагаме уште повеќе и нѐ потсетуваат дека пред се најважно е да се биде човечен“, изјави д-р Пехчевска Поп-Илиев.

infektivnata-klinika-dobi-donacija-od-crveniot-krst-obezbedena-od-fondacijata-na-coca-cola-i-pivara-skopje-04.jpg

infektivnata-klinika-dobi-donacija-od-crveniot-krst-obezbedena-od-fondacijata-na-coca-cola-i-pivara-skopje-05.jpg

Инаку, донацијата за Клиниката за инфективни болести во Скопје е само дел од активностите на Црвениот крст насочени како одговор на пандемијата од Ковид-19 кои меѓу останатото опфаќаат обезбедување итни социјални и здравствени сервиси, психо-социјална поддршка, логистичка асистенција, медицинска заштита и информирање на населението за справување со Корон вирусот. Во тие рамки, активни се и 37 мобилни волонтерски тимови на Црвениот крст кои вршат неопходна набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена и истите ги доставуваат до домовите на старите, изнемоштени лица кои живеат сами, хронично болните, до семејства со лица со посебни потреби, самохрани родители и други ранливи категории граѓани на целата територија на земјата. Финансиските средства за реализација на овие активности ги обезбедија Фондацијата на Coca-Cola компанијата и Пивара Скопје.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Исидора (10) од Скопје е успешна млада каратистка - Тренира од 5 години, освојува златни медали „Тренирам трипати неделно и до сега не ми се случило да не сакам да одам на трен...

Најчитани неделава