Одржана традиционалната Конференција за професионална ориентација на Ротари клубот Скопје - Камен мост, овојпат виртуелно

На 9 мај, виртуелно преку платформата ZOOM, како последица на пандемијата на Covid 19 вирусот, традиционално по 8ми пат, се одржа конференцијата за професионална ориентација на млади, оваа година под мотото "Мојата иднина, моја одлука”.

odrzhana-tradicionalnata-konferencija-za-profesionalna-orientacija-na-rotari-klubot-skopje-kamen-most-ovojpat-virtuelno-01.jpg

Настанот беше во организација на Ротари клубот Скопје Камен Мост, во соработка со Меѓународното училиште НОВА, и имаше за цел да даде поддршка на младите и талентирани луѓе во остварување на нивниот целосен потенцијал, како и да помогне во изборот на нивна идна професионална кариера.

За времетраење на настанот членовите на Ротари клубот Скопје Камен Мост го споделија сопственото искуство од својата професија, а истото го сторија и неколку еминентни гости говорници, Никица Мојсоска, извршен директор на Македонија 2025, Александар Поповски, режисер, и Невенка Димитрова, професор на New York Medical College, со средношколците од цела Македонија. Овој традиционален настан, во изминативе осум години го имаат посетено повеќе од 900 средношколци од 25 средни училишта, и истиот преку прашалник го имаат оценето како успешен и извонредно корисен при носењето на одлука во која насока да го продолжат своето образование.

odrzhana-tradicionalnata-konferencija-za-profesionalna-orientacija-na-rotari-klubot-skopje-kamen-most-ovojpat-virtuelno-02.jpg

Членовите на Ротари Клубот Скопје – Камен Мост Скопје, како дел од Ротари движењето во Македонија, волонтираат со своето време, енергија и ресурси, со цел да помогнат на тие на кои помошта им е најпотребна. Активностите на клубот се насочени кон најмладите членови на нашата заедница, со посебен фокус на образовниот систем.

Пленарна сесија: 

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...

Најчитани неделава