Позитивните искуства на студентите од СИТИ Колеџ

Се повеќе студенти од Македонија се одлучуваат своето универзитетско образование да го продолжат на реномиран меѓународен факултет чија диплома ќе им ги отвори вратите од глобалните пазари.

pozitivnite-iskustva-na-studentite-od-siti-koledz-01.jpg

Еден од најчестите избори е СИТИ Колеџ, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, со веќе изградена триесетгодишна традиција и врвни признанија што ги ужива во регионот. Ваквата одлука во најголем степен е резултат на бројните придобивки што ги нуди овој Факултет, вклучително и реномето што го поседува како и квалитетот на целосниот академски процес.

Во текот на уписите на СИТИ Колеџ и кога за многумина се наметнува прашањето кој факултет е подобар и кој универзитет нуди повеќе, неколку студенти го споделуваат своето искуство стекнато на овој факултет.

“Универзитетот Шефилд е одлична прилика за студенти кои сакаат ефективно по завршување на образованието да навлезат во бизнис сферата. Овој факултет ми овозможи подобро да ги координирам обврските во практиката преку проекти и голема придобивка е што има интернационални студенти од целиот свет. Го препорачувам овој факултет за сите оние што сакаат да бидат веднаш подготвени за бизнис светот”, раскажува Сретен Илиев, студент од втора година во одделот за Бизнис администрација и економија.

pozitivnite-iskustva-na-studentite-od-siti-koledz-03.jpg

Денешните студенти бараат многу повеќе од само продолжување на образованието на следното ниво. Покрај комплетно обликување на професионалниот профил, СИТИ Колеџ со квалитетот на наставата и со своите дополнителни сервиси на студентите им отвора можности што досегаат многу подалеку по стекнувањето на дипломата, кариерна ориентација и опции за вработување и доквалификација низ целиот свет.

За тоа раскажува и Стефани Стерјоска, студент од прва година на одделот за Бизнис администрација и економија, чие искуство од студиите е комплетно и во однос на квалитетот на наставата и во самото универзитетско окружување.

“За време на едногодишното искуство на универзитетот, јас сум многу задоволна и среќна. Атмосферата е топла и пријатна, а самата околина ги охрабрува луѓето постојано да сакаат да учат нови работи. Покрај предавањата и квалитетот на теоретската настава, една од најдобрите работи се проектите и студиите на случај коишто нè подготвуваат за нашата идна кариера и развој, а особено, групните проекти кои го градат и зајакнуваат тимскиот дух во работата. Би ја издвоила и разновидноста на предмети што се изучуваат, не само оние поврзани со бизнисот, туку и оние што нè учат за општа култура. Професорите се од голема помош и нè водат кон деловниот свет преку многу интересни методи. Имав навистина одлична и продуктивна прва година на кампусот и со нетрпение ги очекувам следните”, вели Стефани.

pozitivnite-iskustva-na-studentite-od-siti-koledz-04.jpg

Како факултет од светски ранг, СИТИ Колеџ овозможува висококвалитетно образование за додипломски и за магистерски студии што ги задоволува потребите на глобалниот пазар во областите Бизнис администрација и економија, Компјутерски науки, Психологија и Англиски јазик и лингвистика. Квалитетот на програмата и експертизата на академскиот кадар беше пресудна и Јована Тоскоска да се одлучи за постдипломски студии на Психологија на СИТИ Колеџ.

“Мојата прва средба со универзитетот се случи на прагот на започнување на моите Мастер студии. Целта беше да најдам факултет којшто ќе ми овозможи еквивалентно знаење на она веќе стекнатото од Универзитетот од Нотингем каде што ги завршив своите примарни студии. Воедно, сакав и програмата која ја нуди насоката да биде онаа вистинската за мене и за моите потреби и понатамошното усовршување. Набрзо откако го открив СИТИ Колеџ, сфатив дека е вистинското место за мене и дека ги исполнува сите услови кои ги имам како студент. Одлуката да се преселам во Солун и таму да ги довршам своите студии беше поддржана од многу голем број алумни со кои имав можност да разговарам за искуствата кои тие ги имале на факултетот. Моите очекувања беа високи, и среќна сум што СИТИ Колеџ ги исполни сите. Интерактивната настава, организираноста и посветеноста на тимот кој го води универзитетот, спремноста на професорите, студентските клубови и атмосферата која владее на самиот факултет се само мал дел од работите кои можам да ги набројам како највпечатливи. Го обожавам Солун, среќна сум што сум дел од СИТИ Колеџ и знам дека ја донесов вистинската одлука во моментот кога го одбрав како универзитет на кој што ќе ги завршам своите мастер студии по психологија”, вели Тосковска.

pozitivnite-iskustva-na-studentite-od-siti-koledz-02.jpg

Студентите што биле дел од СИТИ Колеџ како највредни придобивки, покрај врвното образование што го добиле, уште го издвојуваат и целосното искуството што го понеле и како тоа придонело да се изградат во комплетни личности, да ги прифатат позитивните вредности и да ги надградат своите етички и морални стандарди.

На СИТИ Колеџ, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, уписите на студенти за академската 2020/2021 година се во тек, а повеќе детали за образованите програми и академските процеси достапни се на линкот.

Би можело да ве интересира:

Елена Ристеска има 2 факултета, Пере дипломирал во Барселона: Какво образование имаат познатите Маке... „Досега не сум работела нешто поврзано со струката, но факултетите ми помогнаа м...
Малиот Јосиф и мама Ирина Дишовска се дома - прва фотка од Павле Камилоски со синот Ирина Дишовска, која имаше навистина активна бременост, сега веќе е дома, а музи...
Денеска е Воведение во храмот на Пресвета Богородица Пречиста – Што треба да направат жените што не ... Денес се слави денот познат како Воведение во храмот на Пресвета Богородица, поз...
Мартија Станојковиќ во Дубаи - Позира во бикини Ручек покрај базен, ден поминат во познат ресторан на плажа и уживање во топлото...
Жарко Димоски доби син и објави прва фотка, Слаткар и Сања Николиќ на прошетка во Солун: Што прават ... Актерот Жарко Димоски со сопругата Андреа доби син, па шеговито се пожали: „Еден...
Миро Кацаров ја направи првата од двете свадби: „Ивана носеше фустан како Северина, од црква отидовм... „Со Ивана се венчавме во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Јован Крстител ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg