Водич за негување на нервниот систем: Користете го секој момент за прошетки во природа

Високото ниво на стрес и недостатокот на физичка активност се новиот предизвик со кој сите се соочуваме, поради ново настанатата состојба.

vodich-za-neguvanje-na-nervniot-sistem-koristete-go-sekoj-moment-za-proshetki-vo-priroda-01.jpg

Затоа од особена важност е максимално да се трудиме да бидеме физички активни, како главен лек против стресот и колку толку да се обидеме да го компензираме недостатокот на активност. Прошетките во природа се најдобра компензација и најделотворни во вакви вонредни услови. Докажано е дека со пешачење во природа и самата изложеност на кислород делуваме делотворно во постигнување на баланс на нашиот нервен систем, а со тоа го анулираме стресот и ги спречуваме сите нус појави кои можат да се јават од истиот. Затоа е важно да го искористиме секој момент за кратка прошетка во природа или опуштање во најблискиот парк. Доколку редовно практикуваме спортување како џогинг или брзо одење, ново настанатата состојба не треба да не одвраќа од ваквите активности, туку треба дополнително да не мотивира да се обидеме да најдеме момент за нас и на тој начин да се грижиме за нашето здравје и ослободување од стресот.

vodich-za-neguvanje-na-nervniot-sistem-koristete-go-sekoj-moment-za-proshetki-vo-priroda-02.jpg

Треба да бидете свесни дека напнатоста и стресот кој го предизвикува моменталната состојба се главниот причинител за вознемирување периферниот нервен систем, како што се болки во половината, трнење на екстремитетите или мускулни болки. Затоа посветете се на вашето здравје и постојано трудете се да правите се што е потребно за да ги спречите ваквите нус појави и да се грижите за вашиот нервен систем. Дополнително од особена важност е да внесуваме што повеќе хранливи состојки, преку храна или преку суплементи од групата на Б витамини, со цел стресот да не ни прерасне во мускулна болка.

Би можело да ве интересира:

Македонка помина една седмица во својата дрвена куќарка на село – гушкаше јариња, се грееше на дрва „Живот на село.... Враќање кон коренот, каде човекот едноставно постои во ритам ...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Позитива на денот: Маж доби срце од донор на скопска Клиника - од 2021-ва бил на листата за транспла... „Едно семејство, во најтешкиот момент од животот, донесе одлука да спаси животи....
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите... „Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од роман...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...

Најчитани неделава