Состојба до 02.06.2020: Регистрирани се 76 новозаболени, најголем дел во Скопје

Денешната бројка на новозаболени е повторно поголема - каква е деталната состојба?

02-06-состојба.jpg

Во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 52
- Куманово 2
- Штип 1
- Тетово 14
- Велес 2
- Гостивар 2
- Кочани 1
- Пробиштип 1
- Кратово 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти.

- Скопје 12
- Куманово 2
- Тетово 11
- Гостивар 1

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Струга (56г) примена во болницата на 21 мај како сомнителна на ковид, потврдена позитивна по прием во болница.

Досега во земјата се направени вкупно 31187 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 127 теста се во рамките на скринингот. Тестовите се направени во градинки во Скопје и геронтолошки установи и не се потврдени позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2391, бројката на оздравени пациенти е 1595, на починати е 141, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 655.

Се извинуваме поради доцнењето на денешната статистика со состојбата со коронавирусот, до овој момент се чекаа податоците од приватна лабораторија.

sostojba-do-02-06-2020-registrirani-se-76-novozaboleni-najgolem-del-vo-skopje-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Сопругот на Антониа Гиговска наполни 28 години – таа го изненади со торта со „Џокер“, најголем подар...  „Мојот животен поклон, мојот НАСЛЕДНИК“ - напиша Роберт на фотографија со ...
„Слава ти Боже!“ – Сузана Спасовска го прослави 61-иот роденден, за неа годините се само бројка „Си велам, а да си ги сменеа местата овие две бројки? 16 наместо 61 (ха-ха)... А...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Бебе родено во Скопје со 1.100g и срцева мана, по 50 дена си оди дома со 2.100g - Го оперирал д-р Ча... „По 50 дена континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа...
Кучето му го уништи креветот на Џамбазов, видеото ги насмеа фановите: „Уште жално те гледа - глумица... „Ова ѝ е некаква одмазда, само да ми текне за што“, вели Игор Џамбазов, кој утро...
Се ожени Марио од 2Бона со саканата Исидора - венчавка во црква, невестата смени два фустани Марио Јелиќ - Кун од 2Бона, стапи во брак со саканата Исидора, за која...

Најчитани неделава