Филипче: Најголем број од новите случаи се од прослави, 65% во Скопје се од познат случај

По тридневниот карантин во најзагрозените делови од Македонија, министерот Венко Филипче одржа прес-конференција за соопштување на понатамошни мерки.

filipche-najgolem-broj-od-novite-sluchai-se-od-proslavi-65-vo-skopje-se-od-poznat-sluchaj-01.jpg

Деталната состојба од последните 24 часа погледнете ја ТУКА.

На прес-конференцијата Филипче соопшти:

На Инфективната клиника има 71 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата 8-ми септември има 42 пациенти, на респираторна машина има 8 пациенти и со потешка клиничка слика уште 7.

Во болницата во Битола има 13 пациенти, во Штип 24 и на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Куманово, Велес, Куманово и Прилеп хоспитализирани се 39 пациенти.

Таргетираното тестирање беше рана дијагностика за навремена изолација на сите контакти кои се носители на вирусот во рамките на познатите кластери.

Најголем број од заболените се заболени на семејни или други собири, па со оваа стратегија ги изолиравме сите контакти на заболените и оние без симптоми.

Полицискиот час за викендов дозволи полесен пристап и брзо тестирање на сите контакти, што беше отежнато претходно. И покрај отпорот на некои места сега има подобра соработка. Епидемиолозите полесно пристапуваа и тестираа. Апелирам до граѓаните коректно да соработуваат и да даваат точни податоци.

Огромен процент од новозаболените се со лесна клиничка слика или асимптоматски и од вкупниот број хоспитализирани само 8 пациенти се на механичка вентилација.

Изминатите денови направивме детална анализа за која ќе говорат Караџовски и Зибери. Околу 65% од активните случаи во Скопје се поврзани со познат случај, а 90% спаѓаат во 41 кластер. Слична е состојбата и во другите 3 кризни региони.

Оваа кластерска анализа покажа дека речиси сите нови случаи се врзани со некаква форма на собир околу 23, 24, 25 мај пред 2 недели.

Анализата во последните 7 дена покажа дека успеавме жариштата да ги задржиме во рамките на територијални целини. Една од дилемите која се појави е ширењето во другите општини во Скопје, надвор од првичните неколку кризни, а тоа е очекувано бидејќи градот функционира како целина и голем број од овие случаи се исто така резултат на собири.

Во периодот кој следи комисијата ќе предложи до Владата и ќе се дискутира за евентуална рестрикција на движењето.

Непочитувањето на мерките за заштита го донесе вториот бран и треба да извлечеме поука од тоа.

Караџовски ја претстави анализата и статистиката за изминатиот период, а вели дека оваа ситуација сега и зголемениот број случаи е заради непочитување на мерките за време на Бајрам. 

Погледнете ја прес-конференцијата за сите детали, статистика и изјави на Филипче, Караџовски и Зибери:

 

Би можело да ве интересира:

Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната п...
Миа Костова за родителите: „Се разведоа кога се породив, мајка ми се пресели во Охрид - сега сум поб... „Бев многу блиска со мајка ми до пред извесно време, сега сме во океј односи, ко...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Запросување на Канео: Дечко клекна пред девојка од САД, која пред 5 години била волонтер во Македони... Лорен од САД е поранешна волонтерка, која ја посети Македонија пет години по зав...
Сандра Кирков воодушевена од плажа во Црна Гора: „Сет лежалки е 25€, еспресо 2,20€, бич-барот е во б... „Модерно е, естетски убаво, има супер ресторанче, тушеви, во позадина свири лаун...
Нема да доплаќате при прием на пратки од ТЕМУ - ДДВ е пресметано во цената 20 ноември 2025, Скопје- Министерството за финансии информира дека усвоените изм...

Најчитани неделава